ВИДЕО: Со свечена академија општина Струмица го одбележа денот на сесловенските просветители

Од:

Општина Струмица им оддаде достојна почит на сесловенските просветители, светите Кирил и Методиј. Синоќа во домот на АРМ, се одржа свечена академија на која присуствуваа градоначалникот Зоран Заев, членови на Советот на општината, претставници на јавните институции, наставници, ученици и родители.

За значењето на празникот, зборуваше градоначалникот Заев, кој на наставниците и учениците им порача, непроценливото богатство за вечни времиња оставено од просветителите, да го чуваат и негуваат.

akademijaKirilMetodi-str (3)

– Утрешниот празник не е обичен празник, ами ден кон кој треба да се однесуваме со должна почит и благодарност, ден кој со своето значење навлегува во најчувствителните корени на нашето постоење и го апострофира еден од најсензитивните белези на нашиот идентитет.

akademijaKirilMetodi-str (6)

Ред е да се запрашаме, кои ќе бевме денес и во која фаза на развој ќе ја теравме нашата живеачка, да не беа Сесловенските просветители кои со плодно семе го посееја патот на писменоста низ кој поминале и сеуште минуваат генерации и генерации луѓе од Словенскиот род.

akademijaKirilMetodi-str (5)

– На тој начин тие ги просветлија душите на народите и ги избавија од темницата на дотогашните сознанија. Драги ученици и наставници, ако се согласивме дека Светите браќа направиле револуционерен потфат со својата азбука, оставајќи непроценливо богатство за вечни времиња, тогаш вам ви останува полесниот дел од задачата, да го чувате и негувате она што го оставиле. Нека ви е честит и вековит, утрешниот празник, рече меѓудругото во својот говор, градоначалникот Заев.

akademijaKirilMetodi-str (2)

Во рамките на академијата, беше изведена и богата културно-уметничка програма во која настапија учениците од музичкото училиште „Боро Џони“, основните и средните училишта во општината, како и од градинката „Детска радост“.

akademijaKirilMetodi-str (1)

 

Би можело да ве интересира

Струмичанец е приведен поради серија измами, полицијата кај него пронајде голема сума пари

Горан Наумовски

Во нова акција на полицијата запленети се околу 20 тони марихуана

Жители од Турското маало во Струмица протестираа заради високи сметки за струја

ВИДЕО: Поплави во Струмичко, удавени 100 овци и 120 јагниња

Катерина Ѓуровски

„Здрава котлина“ организираше протест против аерозагадувањето на Струмица

А1он

ЈСП со променет ред на сообраќај и работно време за празниците