ВИДЕО: Со сила истерани средношколците од часови за да се снима дека наводно одат на протест

Од:

На средношколците од “Јосип Броз Тито“ им бело наредено да излезат од училиштето во 15 часот, токму кога пред училиштето ги чекале камери за да ги снимаат дека наводно одат на пртост против двојазичноста.

Таквата наредба била издадена од директорката, која е и донатор на ВМРО-ДПМНЕ. Секако, тоа е снимено токму на време од порталот Курир кој излезе со наслов “Средношколците се приклучуваат на маршот “За подобра Македонија“.

Веднаш потоа дел се упатиле дома, а дел ги вратиле назад во училиштето. А1он дојде до снимка на која се слуша разговорот на учениците со снимателите кои ги чекале надвор.

-Не знам да протестираме ни рекоа, против двојазичност, а и сега има двојазичност. Не пуштија од школо само за да се прикаже дека идеме пред Собрание. Нас ни беше кажано, се читаше соопштение во училиште, ни беше кажано да излеземе во 15 часот, тоа не е логично.

Вие сте договориле со директорката да не пуштат од школо а вие да не снимате, разговара еден од средношколците со екипата на Курир.

-Нас досега не ни беше дозволено да излегуваме од часови кога бојкотиравме за екстерно, што не дојдовте тогаш да снимате? Директорката ни кажа да излеземе надвор во 15 часот, а вие дојдовте тука за да не снимате.

Зошто викате дека ќе се менува Устав? Еве Артан Груби излезе и кажа дека нема да се менува Уставот.

-Артан Груби може кажува, ама други викаат дека ќе има менување Устав, ако не сакаш толку тогаш немој да протестираш му возвраќаат на средношколецот.

И други средношколци за А1он посочуваат дека во училиштето се врши пропаганда секој ден, се читале песни за македонскиот јазик, било поставено знаме на прозорците на училиштето.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Трендафилов призна дека СДСМ и Левица стојат зад протестите на ССМ

Катерина Ѓуровски