ВИДЕО: Снимка од апсењето на Македонецот за продажба на доверлива документација за производство на муниција

Од:

Во заедничка акција на БИА, ВБА, Управата за криминалистичка полиција и Вишото јавно обвинителство во Белград и Крaљево, Боривоје Глишовиќ, пензиониран инженер на Први партизан од Ужице и Шевкет Демировски, сопственик на македонската компанија АТС Груп во Скопје, беа уапсени во белградски хотел.

Тие беа приведени на „работен состанок“, каде што договараа продажба на доверлива документација за изработка на машина за производтво на муниција од калибар 12,7 милиметри.

Глишовиќ од Демировски на претходниот состанок како аванс добил околу 30.000 евра а преостанатиот дел најверојатно во ист износ пензионираниот инженер ќе го добиел по испорака на комплетната документација, укажуваат оперативните сознанија и материјалните докази.

Демировски имал намера да ја користи документацијата во просториите на поранешната фабрика за сувенири за оружје и муниција во Македонски Брод, како и во фабриката во Катар, каде е косопственик.

Небојша Ивановиќ и Милован Миловиќ, активни инженери на Први партизан, беа уапсени покрај Глишовиќ и Демировски во Ужице и Пожега, под сомнение дека доставиле документација од Први партизан за пари.

При претресот на осомничените во Белград, Ужице и Пожега, пронајдени се големи суми пари и доверлива документација за производство на муниција.

Би можело да ве интересира

РИК обработи 8.077 избирачки места: „Студентска листа“ освојува 52,54 отсто, а „Обединета Србија“ 39,29 отсто

Фон дер Лајен и Коста ѝ честитаат на Студентската листа за изборната победа

Горан Наумовски

Странските медиуми за пoразот на Вучиќ: „Сеизмички потрес на Балканот“

Горан Наумовски

Нови апсења во Србија поради планирање хаос за изборите: Приведен маж, пронајдени опасни предмети

Им приоѓа на жртвите од зад грб, па ги кине ланчињата од врат – уапсен е крадец кој направи штета од 10.000 евра

А1он

Во Турција уапсени 348 осомничени во акции против криминални организации