Турските медиуми објавија снимки од сигурносните камери од хотелот во кој престојувале македонските туристи од кои 45 загинаа откако автобусот со кој се враќаа дома се запали кај селото Боснек, на магистралниот пат Струма во Бугарија. На снимките се гледаат и деца кои го напуштаат хотелот и се качуваат во автобусот.
Медиумите објавуваат и снимки од прошетките на македонските туристи во Истанбул кои таму го минале продолжениот викенд со објаснување дека последниот викенд го минале како во бајка. Слушаат музика додека пловат по Босфор, дел од нив танцуваат, а некои им фрлаат ѓевреци на галебите.
Несреќата ја преживеаја седуммина патници кои не се во животна опасност, но сместени се во болница во Софија.