ВИДЕО: Смената на државниот обвинител е упад и не е никаква реформа на правосудниот систем, вели Филипче

Од:

Реформите во правосудството се клучни и сметам дека најавите на Владата за промена на членови на Судскиот совет и Републичкиот јавен обвинител апсолутно не е никаква реформа, туку притисок и партизација на судскиот систем, изјави лидерот на СДСМ Венко Филипче.

Ако сега се направи упад во системот, тогаш целокупниот реформски процес, според Филипче, ќе се одложи за шест години.

– Сметам дека нема ниту една причина да не одиме по реформскиот пат на судството кој произлегува од планот за раст на Брисел. Како партија ќе поддржиме реформски закони во таа насока, се друго сметаме дека е упад во системот и обид за партизација, рече Филипче денеска на прес-конференција.

Според СДСМ, дека треба да се донесе нов Кривичен законик, компатибилен со европското, а било какви ад хок решенија нема да дадат резултат.

Љупчо Коцевски нема реализација, молчеше додека криминал му се случуваше пред очи во време на СДС, а сега им купува време. Љупчо Коцевски како шеф на Јавното обвинителство не најде за потреба да отвори предмет против Артан Груби додека беше на власт, иако целата јавност и медиумите гласно зборуваа за сомнежите за криминал, рече денеска на прес конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски.

– Коцевски не мрдна со прст ниту за криминалите во РЕК Битола и ЕСМ, каде милиони евра народни пари се испумпаа преку матни тендери.Додека СДС ја ограбуваше државата, Љупчо Коцевски молчеше. Тоа што граѓаните имаат само 2% доверба во правосудството е вина и на Коцевски, зошто со ништо не допринесе тоа да не биди така, или да се подобри, напротив уште повеќе ја влоши состојбата. Љупчо Коцевски како шеф на Јавното обвинителство молчеше додека СДС ги крадеше институциите Сега откако Коцевски доби одврзани раце да постапува, и беше дадена целосна поддршка од институциите, тој на секој начин се обиде да ги развлече постапките, рече Петрушевски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Надзорна расправа: Со одлука на владата на СДСМ во 2023 бил дозволен влез на Алта банка, вели Мицкоски

(ВИДЕО) Филипче: Кој е Мицкоски да продава банки и кој би купил пропадната банка

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

ВИДЕО: Дуел на Мицкоски и Филипче на пратенички прашања

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: Балканскиот криминален октопод се руши, по Вучиќ и Орбан следен ќе биде Мицкоски