ВИДЕО: Слободниот пристап до информации е заробен од институциите

Од:

Комисијата за слободен пристап до инфорамции да стане прекршочен орган да може да ги казнува имателите кои не даваат информации. Законот треба да се применува, а не да се менува, е заклучокот на дебатата „Распука ли ѕидот на тишината“ на фондацијата „Отворено општество“.

Институциите молчат, а Комисијата нема поведено ниту еден спор за прекршочно да ја санкционира. Проблемите кои биле воочени уште во 2007 година со донесувањето на законот, како што се нагласи, се’ уште се актуелни и алармантни. Се работи за нефункционалноста на администрацијата, непочитување на законската форма и долгото време за чекање за добивање одговор.

Координаторката на правната на „Отворено општество“ Данче Данаиловска спомна дека буџетот на Комисијата е во завидна позиција со мал буџет, кој од 2007 година до ден-денес е намален за за 30% и не ги спроведува законските надлежности.

– Комисијата ги учи институциите како да ги одбијат граѓаните во пристапот до информации. Законот е претворен во своевидна алатка, се додека не поднесете барање, не може да добиете документи – изјави Данаиловска.


Адвокатот Жарко Хаџи Зафиров изјави дека транспарентноста е обврска на институциите. Тој праша зошто Комисијата не повикува на одговорност и зошто ја органичува листата на иматели на информации.

– Ние пливаме во сива зона бидејќи нема правна сигурност. Комисијата треба да ги боцка институциите да даваат информации. Која е е нејзината регулаторна обврска? Дали вреди да се бараат информации кога се штити државата на штета на граѓанската информираност – изјави Зафиров?


За потребите на анализата на ФООМ се користени резултати од поднесени 732 барања за слободен пристап до информации од јавен карактер во период од мај-јуни 2012 година. 40% од поднесените барања се обжалени. Притоа, половина од жалбите се поради молчење на администрацијата. Во текот на истражувањето, општинските организации се покажале како позатворени од централните.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

Сорос тврди дека поразот на Русија во Украина ќе ја распадне „Руската империја“

Сорос и Гејтс ќе ја преземат фирмата за брзи ковид тестови

Ана Ололовска

ПроПублика: Маск, Сорос, Безос не плаќале данок на доход со години

Ана Ололовска

Највисокиот суд на ЕУ против унгарските закони што го погодија универзитетот на Сорос

Ана Ололовска

ФООМ донира 100 илјади долари за најзагрозените ромски семејства

Ана Ололовска

Според Сорос, Си е закана за ЕУ

Ана Ололовска