(ВИДЕО) Славева: Епидемијата со морбили излезе од контрола 

Од:

Венко Филипче и Зоран Заев се однесуваат скандалозно, си поигруваат со здравјето на граѓаните, обивни денеска Маја Славева, од ВМРО-ДПМНЕ.

„Владата предводена од СДСМ и министерот за здравство, Венко Филипче наместо како што ветуваа дека ќе дојде живот, носат смрт. Револтот на граѓаните од ден на ден расте.  Епидемијата со морбили излезе од контрола. Во период на епидемија бројката на заболени расте и сега има повеќе од 200 лица со морбили. На праг е епидемија со грип, а нема никакви мерки. Има околу 1.300 лица заболени со грип.

Нема мерки, но има жртви! Почина шестмесечно бебе од морбили, почина петгодишно девојче од грип. Во „играта“ чинат – нечинат вакцините, не дадовте одговори, а кај родителите направивте хаос во главите. Предизвикавте контра ефект па и најголемите поборници на вакцинирањето сега се сомневаат и имаат дилеми. Што правите сега со грипот? Ќе преземете ли мерки.

Но, скандалите не завршуваат со ова. На Клиниката за стоматологија во 21 век се појави смртоносна бактерија МРСА. Нагласивте „нема опасност од зараза“?! Се покажа дека уште еден е заболен. Тоа ли е вистината, министре?“, изјави Славева.

Славева обвини дека ова е скандалозно однесување. „За ова несомнено одговорност треба да понесе министерот Филипче и неговиот ментор Зоран Заев. Ова е причина зошто СДСМ мора да си замине. Излезете на избори и видете што мислат граѓаните за хаосот што го предизвикавте во здравството“, вели Славева.

Би можело да ве интересира

Андоновска: Секој суспектен случај на морбили да биде пратен на Инфективна или во ИЈЗ

СЗО прогласи глобална вонредна состојба поради ширењето на вирусот мајмунска сипаница

Во јуни 551 лице со овчи сипаници, памалку во однос на заболени во мај

Во дел од Босна и Херцеговина прогласена епидемија на морбили

А1он

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска