(ВИДЕО) „Скопје смог аларм“: Прекршени се уставните права за чиста и здрава животна средина

Од:

Непреземањето мерки против загадувањето ги прекршува правата за чиста и здрава животна средина кои се препишани со уставот на Република Македонија, вели активист од „Скопје смог аларм“.

Според официјалните статистики од Министерство за животна средина, во 2014 година загаден воздух дишела цела Македонија со исклучок на Лазарополе.

– Ги повикуваме надлежните да преземат итни кризни мерки за справување со загадувањето. Сметаме дека истече времето за состаноци, координации, анализи, дебати, граѓаните на скопје бараат акција веднаш, чист воздух сега и овде, велат од „Скопје смог аларм“.

„Скопје смог аларм“ истакнаа дека според Светската здравствена организација, ПМ честичките се вгнездуваат длабоко во белите дробови, а некои може да навлезат длабоко во крвотокот.

– Последици од тоа се предвремена смрт, влошена астма, проблеми во белодробни и срцеви заболувања, иритација на дишни патишта. Да се забранат од сообраќај автомобили кои не ги исполнуваат европските стандарди. Да се проверат филтрите во сите фабрики во Скопје, итна гасификација на Скопје и субвенции на јавниот превоз. Како што кажаа тетовчани, не е битно кој не задавуа, сакаме да сопре загадувањето, рече активистот од „Скопје смог аларм“.

Тој нагласи дека јавниот сервис повеќе се занимава со загадувањето во Пекинг, а не известува дека Скопје стана европскиот Пекинг. Игор испрати порака до јавниот сервис и побара тој да известува за Скопје, Битола, Тетово бидејќи е македонски, а не кинески Јавен сервис.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Јаневска: Нема предвремен распуст и покрај аерозагадувањето

Арсовска за кривичната пријава против УСЈЕ: Прашајте го Обвинителството зошто три години молчи

Предраг Петровиќ

Во Кичево и Струмица надминат прагот на алармирање за аерочестички до 10 микрометри

Скопје е втор најзагаден град во Европа, воздухот е многу лош и во Тетово, Охрид, Битола, Велес

Катерина Ѓуровски

По пожарот во Трубарево измерени се високи концентрации на честички и тешки метали

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара граѓаните да седат дома, а со Герасимовски се забавува на партиски концерти, врв на лицемерието на СДС