ВИДЕО: Скопје се гуши со 500 микрограми ПМ 10 честички, Рим и Милано поради 70 микрограми трет ден без автомобили

Од:

Најголемите градови во Италија, Рим и Милано поради покачените ПМ 10 честички над дозволените 50 микрограми на метар кубен воздух, го забранија сообраќајот.

12459046_473473252837009_1306744628_o

Во двата града загадувањето континуирано 18 дена се движело 60 до 70 микгрограми на метар кубен воздух, по што се одлучиле на оваа постапка.

12449591_473473232837011_440234864_o

Македонија го има истиот проблем, но со далеку позагрижувачки бројки од Италија. Тетово веќе цел месец дише канцерогени честички чија бројка во еден момент достигна над 800 мирограми на метар кубен воздух.

Иако на масовниот протест во понеделникот до македонските власти беа упатени слични препораки, тие веќе втор ден молчат.

Камерата на А1он и денеска забележа гужва на улиците во центарот на Скопје каде загадувањето месецов има достигнато бројки над 500 микрограми на метар кубен. Став за овој проблем и за тоа дали можеби и Скопје ќе побара „денови без автомобили“ побаравме и од надлежните во Градот, но од таму не добивме никаков одговор.

DSC_0093

Револтираните граѓани кои протестираа во понеделникот, до државниот врв упатија ултиматум доколку не се среди проблемот со загадувањето до 15 јануари, тие ќе ги блокираат најзагадените градови во државата.

_72046526_science_hair_graphic_624

Фотографиите на „УС ЕПА“ покажуваат дека ПМ 10 честичките се пет пати помали од влакно, а ПМ 2.5 честичките се 20 пати помали од влакното, што прави тие трајно да останат во човековиот организам.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Во Струмица се одржа протестен марш против енормното загадување

(ВИДЕО) Шукова: Не може граѓаните да се гушат, нивното здравје да биде под ризик, а ДПМНЕ да спие како власт

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да мислеа повеќе на животната средина наместо да крадат кај ќе стигнат, ќе направеа нешто

Кузеска: Власта да не го игнорира загадувањето, да ги прифати и да ги реализира мерките на СДСМ

Скопје утрово со умерено ниво на аерозагаденост, прекинат прагот на алармирање во Струмица

СДСМ предлага серија на итни мерки за борба против загадениот воздух