ВИДЕО: Скопје се дави во ѓубре, Герасимовски бара итна седница на ЗЕЛС

Од:

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски преку објава на својот профил на Фејсбук информира дека денеска испратил допис до Управниот одбор на ЗЕЛС за одржување итна седница, на која, како што посочува, ќе побара да се најде решение за проблемот со сметот на територија на Центар и на Градот Скопје.

-Утрово пуштив допис до Управниот одбор на ЗЕЛС, се слушнав и со директорката на ЗЕЛС, побарав итна седница на ЗЕЛС кадешто ќе се побара решение на овој проблем. Изминатите пет дена комуналното претпријатие воопшто не се појавува на улиците во Општина Центар и се соочуваме со огромни проблеми, а набрзо не дај боже и зарази, пишува Герасимовски.

Потенцира дека побарал дополнителна механизација од неговите колеги градоначалници од другите општини во државата, за да може општината сама да го расчисти сметот, откако, како што посочува, ЈП „Комунална хигиена“ и Град Скопје повторно потфрли и пет дена не го собира сметот од улиците.

Во главниот град подолг период контенјерите за смет се преполни. Ѓубрето се претура надвор од нив и целиот дел каде што стојат контенјерите личат на депонии.

Ѓраѓаните постојано на социјалните мрежи објавуваат форграфии од хаосот со ]убрето кое не се собира многу долго време. Состојбата е во сите скопски општини.

Би можело да ве интересира

Најдобар пожарникар, полицаец и крводарител: Доделени признанија од Град Скопје

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Станкоска: Системските пропусти во јавниот превоз Орце ги решава со кампањи за подигање на свеста на граѓаните

Горан Наумовски

Обвинение за поранешниот директор на Комунална за хаосот со ѓубрето во Скопје

Скопјани му должат на Градот над 36 милиони евра

Град Скопје удри по дивите таксисти – се одземаат возила, има и парични казни

А1он

Во Скопје од денеска 50 евра казна за фрлање ѓубре меѓу 22 до 06 часот