(ВИДЕО) Скопје прва вечер по укинувањето на полицискиот час: Се чувствуваме слободни!

Од:

Граѓаните шетаат по улиците, плоштадите, парковите, а голем број млади возеа велосипеди покрај кејот, спортуваа, се дружеа. Вакава беше сликата во Скопје на првата вечер по укинувањето на полицискиот час.

Враќањето на функционирањето на градот го навестија и неколку слободни уметници кои вечерва свиреа на градскиот плоштад. Беа излезени и продавачите на семки, пуканки и сладолед.

Граѓаните го поздравуваат укинувањето полицискиот час, но велат дека коронавирусот ги променил нивните животи и дека ќе треба време животот повторно да се врати во нормален тек.

„Едвај дочекавме. Навистина сум пресреќен. Конечно не мора да го бркаме времето да си одиме да си одиме дома. Има некоја бројка на заболени, но да се надеваме на најдобро“, ни изјави еден од граѓаните.

„Измешани се чувствата, по толку поминати денови внатре , едноставно ќе ни треба време да се вратиме во нормален живот. Имавме и цели викенди кога бевме во карантин и сето тоа остави последици. Ни фали дружбата со пријателите кои не сме ги виделе со месеци“, вели друг.

„Ох какво чувство на олеснување, се чувстувам по слободен. Се чувстува и во паркот еве гледате луѓето се повесели, се гледа на нивните лица“, изјавуваа граѓаните на анкетата на „А1он“.

Дел од граѓаните беа со маски, дел не. Некои ја почитуваа физичката дистанца како превенција од вирусот, но други беа собрани во групи, испоседнати на трева со храна и пијалоци се забавуваа со музика со пријателите.

„Не се брзаме за дома, не би сакале да се вратиме, може 22 часот ќе не фати. Се наседевме дома. Тоа беше време поминато во многу учење, но и досада“, вели жител на Скопје.

„Добро е што го укинаа полицискиот час, но сепак треба да бидеме дисциплинирани. Се надевам граѓаните ќе бидат свесни дека опасноста од коронавирсот се уште постои и дека мора да ги почитуваме мерките“, изјави друг граѓанин.

Во парковите се забележуваа и полициски патроли кои ја следеа ситацијата на терен, бидејќи мерките за превенција за носење заштитна опрема кога е потребно и избегнување групирања се задолжителни.

Би можело да ве интересира

Пијан скопјанец пред сопругата и децата пукал и тешко ранил познаник

Скопјанец пријавил сексуално злоставување на неговата малолетна ќерка

Скопјанец со нож и се заканувал на сопругата

Арсовска: Нашето Скопје треба да се сака со тоа што заедно ќе работиме да имаме поубав град

Скопјанка го нападнала сопругот и свекорот, па искршила дел од покуќнината

СДСМ: Скопје најзагаден град, а власта на ВМРО-ДПМНЕ не презема ништо за загадениот воздух