ВИДЕО: Скопје празно, контејнерите полни, во тек е чистење на градот

Од:

Социјалните мрежи денеска се преполнија од фотографии од ѓубре расфрлано во и околу контејнерите, по завршувањето на најдолгиот 61-часовен полициски час во државата.

Комунална хигиена претходно објави дека поради полицискиот час работниците нема да излезат по улиците и да собираат ѓубре.

Од Министерството за информатичко општество и администрација известуваат дека не се надлежни да издаваат дозволи во услови на ограничено движење на вработените во ЈП „Комуналец“.

„Демантираме дека вината зошто ЈП ‘Комуналец’ не се погрижило за хигиената во градот Скопје, за време на викендот е кај МИОА“, велат од Министерството.

Од Комунална хигиена велат дека од денес, променета е динамикита на работа и контејнерите ќе се празнат до 21 часот. Екипите се веќе на терен и ги празнат контејнерите, информираа од јавното претпријатие.

Од МИОА го повикуваат раководството да постапи по насоките од Кризниот штаб на Владата, каде јасно е наведено дека претпријатија од профилот на ЈП „Комуналец“, работењето за време на полициски час едноставно само го најавуваат на 192.

„Оваа информација јасно е наведена во соопштението објавено од МИОА, достапно на следниот линк: http://www.mioa.gov.mk/?q=mk/node/2908 , каде што стои: Во категоријата дозволи за движење со јавување во МВР на 192 влегуваат: вработени во агенции за обезбедување и чуварски служби вработени во сервисни компании (ЕВН, телекомуникациски и кабелски оператори, јавни и комунални претпријатија). Очекуваме и се надеваме дека направената грешка овој викенд брзо ќе биде поправена и дека нема да биде повторена“, велат од МИОА.

Би можело да ве интересира

Перински: Очајна е состојбата во Град Скопје, донесовме заклучок Арсовска да подготви план и да видиме кои се потребите за решавање на состојбите

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Коалицијата Арсовска – ДУИ – СДС се причината зошто Скопје пати и тоне во ѓубре

A1on

Тешко повреден е работник на „Комунална хигиена Скопје“

ЗНМ со претставка до МВР заради непрофесионален однос кон новинар од Порталб.мк

Косана Мазнева: „Комунална хигиена“ успешно се справи со блокадите на мафијашките структури

A1on

Скопје се враќа во нормала: „Комунална хигиена“ ги празни контејнерите

A1on