ВИДЕО: Скопје не се гледа, канцерогените честички пливаат во воздухот!

Од:

Сериозната состојба со загадувањето во Скопје и Тетово продолжува. Денеска беа измерени дури 313 микрограми на метар кубен воздух од канцерогените честички ПМ 10 во Тетово, а во повеќе населби во Скопје истите беа присутни над 100 микрограми на метар кубен, додека пак опасните ПМ 2.5 честички кои дирекно се вдишуваат во белите дробови се најприсутни во Карпош каде ги има за 5 пати повеќе од дозволеното.

Граѓанските здруженија веќе неколку пати изразија револт и загриженост, а како што влеат, утре ќе излезат со заеднички став за понатамошно дејствување. Најголема загриженост искажуваат за огромното количество на ПМ 2.5 честичките во воздухот, но и за ПМ 10.

lis

Камерата на А1он сними повеќе кадри од планината Водно од каде Скопје е речиси невидливо поради целата состојба со загадувањето. Од таму се забележуваше и паничното количество на чад кое го испуштаа фабриките во градот, а за кои се вели дека имаат филтри за прочистување.

karp

Додека граѓаните ги вдишуваат опасните честички, Градот Скопје за овој проблем досега презема едно од дадените решенија, односно ги испрска улиците со калциум-магнезиум-ацетат, а од тогаш друга мерка нема преземено.

cent

Триесет и еден пратеник потпишаа Информација поради загадувањето, а според нив, исечените дрвја, уништените зелени површини и замената со бетон, непочитување на стандардите за градење, доцнење на процесот на гасификација и проблемите со депонии како сериозни загадувачи на животната средина, како и тоа што Владата не реализира и не планира ефективни мерки за спречување на загадувањето, се причините за загрозувањето на здравјето на граѓаните.

Информација е ставена на денешниот дневен ред на собраниска седница како 26 точка.

– Виновник за ваквата состојба не треба да бараме ниту во временската состојба, ниту во однесувањето на граѓаните. Загадувањето за жал е последица на низа погрешни политики на ВМРО-ДПМНЕ и на централно и на локално ниво. Факт е дека заштитата на животната средина е на последно место на интересите на Владата, тоа мошне прецизно го нотира и Европската комисија во извештаите за напредокот на Република Македонија, стои во Информацијата.

tt

Со барање за надзорна расправа поради загадувањето се јави и пратеничката од ДОМ, Лилјана Поповска, а претседателот на Собранието, Трајко Велјановски ја упати на собраниска процедура за таква расправа.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

ИКС: Да зборуваме повеќе за животната средина во време на растечка еколошка криза

Стојковски: Несовесни граѓани во моментот се главните причинители за загадување на воздухот

Државата е еден од најголемите загадувачи: Над 700 институции користат греење со кое го трујат воздухот, најголем дел се во училишта и градинки

Орце Костов

СДСМ: Градоначалниците на ДПМНЕ не преземаат ништо против загадениот воздух во Скопје,

Катерина Ѓуровски

Шукова: Граѓаните да користат суво дрво, 45 отсто од загадувањето доаѓа од домаќинствата

Орце Костов

Воздухот енормно загаден, а пратениците одбиваат амандмани за Буџетот со кои ќе се намали аерозагадувањето

Орце Костов