(ВИДЕО) Скопјани за Први мај: Не ни недостига скарата, туку меѓусебното дружење

Од:

„Не ни недостига толку многу првомајската скара, колку што ни недостига дружбата со луѓето“. Вака реагираат скопјани кои денеска беа излезени на прошетка покрај езерата во Градскиот парк. Повеќето од граѓаните краткото време до полицискиот час го искористија да прошетаат и да се релаксираат во природа. Во парковите имаше фреквенција од луѓе, кои шетаа кучиња, кои џогираа и возеа велосипеди. Најголем дел од нив беа со маски, некои држеа физичка дистанца, но имаше и такви кои беа собрани во групи со пијалоци и храна. Во парковите патролираа полициски екипи, кои ги опоменуваа луѓето да не се групираат, да носат маски и држат растојание еден од друг.

„Целата ситуација во која се наоѓаме ги прави луѓето напнати и нервози. Не ни помислуваме на скара. Времето е кратко, еве за час, два треба да си одиме. Излеговме на кратка прошетка, колку да не фати воздух“ изјави за А1он, еден скопјанец кој беше излезен да го прошета својот домашен миленик.

За некои скопјани пак не е проблем забраната за движење и што празникот не се слави традиционално со скара и музика.

„Подобро е вака. Нема гужви, нема чад, нема купишта ѓубре кои не може потоа два дена да се изнесе од излетничките места. Нека дише малку планетата, доста ја загадувавме“, вели една скопјанка.

Поради забараната за движење, најголем дел од излетничките места околу Скопје останаа полупразни. За разлика од другите години, кога на први мај вриеше од луѓе, годинава полупразно беше одмаралиштето во Сарај покрај реката Треска. Овој празник нема посета ниту на парк-шумата на Водно, која е затворена за посетители како превентивна мерка за заштита од коронавирусот.

Би можело да ве интересира

ССМ: Покачување на сите плати за 78 отсто, 60 часа работа неделно е враќање во 19 век

Ана Ололовска

Првомајски протестен марш на КСС: Лошата состојба на работниците и понатаму непроменета

Ана Ололовска

Синдикатите со одделни протести, но со исти барања ќе го одбележат Меѓународниот ден на трудот

Ана Ололовска

Првомајски протести на синдикатите: „Работниците се државата“

ВИДЕО: Жестоки првомајски протести во Франција и во Италија

Катерина Ѓуровски

Првомајски синдикален марш на ССМ под мотото „Здружени со иста цел“

Ана Ололовска