ВИДЕО: Сите кои чекаа за влез во Грција се враќаат назад, дозволата од Атина би стигнала на полноќ или утре

Од:

Сите кои тргнаа кон Грција се враќаат назад, откако рампите на граничниот премин останаа спуштени. Грчката полиција не дозволи влез на оние кои немаа грчки пасош. Службениците не знаеја кога ќе добијат одобрение од Атина за влез на странци, а предвидуваа дека тоа ќе биде ноќеска на полноќ или утре изутрина. На границата имаше возила со македонски, српски, бугарски таблици кои чекаа во колоните.

„Ни кажаа дека нема да добијат одобрение пред полноќ, затоа се вративме назад“, вели граѓанин кој утрово се обиде да ја помине границата со Грција.

Освен оваа информација, грчките гранични службеници одбиваат да одговараат на други прашања. Велат дека ги известиле нивните власти и чекаат насоки и инструкции од таму. Засега, нема одговор од македонското Министерство за надворешни работи зошто настана овој проблем на грчката граница и дали одговор на ова прашање има од грчките власти.

На граничниот премин „Богородица“ утрово се створија колони. Граѓаните беа затечени од одлуката на граничната полиција на Грција, која одби да ги пропуштат за влез во земјата. Македонската полиција ги пропушташе возилата и во меѓузоната, но сега, сите се враќаат назад.

Инаку, од денес требаше да се отвори граничниот премин со Грција за сите граѓани на Македонија кои имаат негативен ПЦР тест, писмен доказ за примени две дози вакцина против ковид-19 или позитивен резултат за антитела. Потврда за ова вчера даде и премиерот Зоран Заев по средбата со Константин Мицотакис во Атина.

Според здравствените протоколи што ги усвои земјата, објавени на веб страницата на грчкото Министерство за надворешни работи, на граница ќе се признаваат и сертификатите за вакцинирање со руските и кинеските вакцини, кои сè уште не се одобрени за користење во Европска Унија. Грчките туристички власти објавија дека негативен ПЦР тест нема да се бара од туристите кои се имунизирани со вакцина на „Фајзер/Бионтек“, „Модерна“, „АстраЗенека“, „Новавакс“, „Џонсон и Џонсон“, „Синовак“, „Кансино бајолоџикс“, „Синофарм“ или „Гамалеја“ (спутник).

Би можело да ве интересира

Блокада на премините кон Грција поради штрајк на грчките цариници

Катерина Ѓуровски

Грчките земјоделци вечерва го блокираа преминот „Евзони“ за влез на товарни возила

Грчките земјоделци утре на протест на граничниот премин „Евзони“, велат дека не отстапуваат додека не бидат исполнети нивните барања

Нормализирано е влегувањето преку преминот „Евзони“, тргната блокадата на грчките земјоделци

Горан Наумовски

Преминот „Евзони“ блокиран од грчките земјоделци, патници и камиони се пропуштаат по 10 минути на секој половина час

Можна блокада на грчките земјоделци на граничниот премин „Евзони“ кон Македонија