ВИДЕО: Силно невреме го погоди Стар Дојран, десетици дрвја на повеќе локации оштетија настрешници, возила, покрив и опрема на плажите

Од:

Десетици повеќегодишни дрвја на десеттина локации низ Стар Дојран синоќа беа откорнати при силното невреме со поројни дождови, силен ветер, грмежи и град кои го зафатија овој дел од општината. Паднати јавори и борови, багреми и црници, оштетија настрешници, урбана опрема на плажата, неколку возила, како и кровот на еден од дуќаните на градскиот пазар, информираа општинските власти.

Според информациите од Доброволното противпожарно друштво „Дојран”, кои први излегоа на теренот да интервенираат, големи дрвја се паднати во градскиот парк, како и на игралиштето со справи за вежбање кое пред неколку години го направи Агенцијата за млади и спорт. Паднати дрвја имало и кај детскиот рингишпил на шеталиштето, кај хотелот „Романтик”, пицеријата „Вавилон”, на главниот пат поради што извесен период патот бил прооден само во една сообраќајна лента, а неколку часови во прекин била и електричната енергија од безбедносни причини.

Стар Дојран беше зафатен од силно невреме проследено со обилни врнежи и силен ветар кое за среќа помина без повредени, само со материјална штета. Екипите на ДППД Дојран и доброволна група граѓани,екипите на ЕВН веднаш излегоа на терен и започнаа со расчистување на паднатите дрвја и причинетите штети, и на терен ќе останат цела ноќ, се до нивно расчистување, објави на својот профил доцна вечерта градоначалникот на Дојран, Илија Тентов.

Тој упати апел до сите граѓани да пријават непроодни улици, поплавени куќи, подруми, со цел да се интервенира брзо и соодветно.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Километарски колони кон границата со Грција, блокиран сообраќајот во Стар Дојран

Катерина Ѓуровски

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Утре повторно силен ветер и нестабилно време со пороен дожд

(ВИДЕО) Илијоска: Невремето ги опустоши струмичките посеви, а Владата не презема ништо – итно да ги обештети земјоделците

Владата ќе ги обештети граѓаните кои претрпеа штета од невремето во Скопје

Силна бура ја погоди Албанија: Има загинати и повредени

Горан Наумовски