(ВИДЕО) Зетот на Кедев: Музејот на ВМРО е проектиран пред Канческа Милевска да стане министерка

Од:

Зоран Петров, зетот на познатиот кардиолог, Сашко Кедев, на денешното рочиште за случајот „Тендери“ сведочеше пред Кривичниот суд како сопственик на компанијата „Неимар инженеринг” која вршела проектирање на Музејот на ВМРО кој е во склоп на проектот „Скопје 2014“.

Петров во своето сведочење истакна дека тендерот за комплетно проектирање на музејот го добиле во време кога министер за култура бил Арифхикмет Џемаили, а не обвинетата во случајот, Елизабета Канческа Милевска.

– Се јавивме на јавна набавка за проектирање на главниот проект и како најевтин понудувач го добивме тендерот. Тогаш министер за култура беше за Арифхикмет Џемаили од партијата ДПА. Со општите услови проектот беше изработен, ревизијата беше позитивна согласно законот за градежништво. Ревидент беше Градежен институт на Македонија. Со позитивен извештај документацијата добива одобрение за градење, рече Петров.

Како што вели тој, за градење од А категорија односно конкретно за Музејот на ВМРО надлежно е министерството за транспорт и врски од каде исто така немало примедби што, според него, значи дека биле почитувани сите услови од законот за градба при проектирање на објектот.

Според тогашниот закон за градба, по добивањето на градежната дозвола престанува обврската на проектантот и проектот го презема изведувачот, но сепак истиот закон предвидувал надзор од проектант до завршување на проектот по што инвеститорот односно Министерството за култура склучило договор за надзор до истата фирма.

Петров вели дека нема ништо незаконито во овој договор бидејќи надзорот треба да го врши истата фирма која го проектирала објектот.

– Со измена на законот проектантскиот надзор стана задолжителен. Со инвеститорот потпишавме договор за проектантски надзор и по законот само ние можевме да го водиме надзорот, вели Петров.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Застаре случајот „Тендери“ во кој беше обвинета Канческа-Милевска

Катерина Ѓуровски

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Два рамковни договори по шест милиони од Петровец кај градежната „Адра“, градоначалникот вели: Немаме таква набавка

Александар Тодески

За шест години, над 362 милиони евра народни пари кај седум градежни комапнии

Обвинителството најави жалба на ослободителната пресуда за „Тендери“

Горан Наумовски

Ослободителна пресуда за Канческа Милеска во „Тендери“