(ВИДЕО) Шуклева: Налетот на ветрот покажа колку безбеден може да биде проектот „Скопје 2014“

Од:

„Вчерашниот ветер буквално ја соголи административната зграда на МЕПСО, голем дел од фасадата се најде на земја. Притоа, откорнатите парчиња стиропор оштетија неколку службени возила, a откорнети се и околу десетина клима уреди. Налетот на ветрот покажа во само неколку часа колку безбеден може да биде проектот „Скопје 2014“ и за животот на луѓето“, соопшти Ева Шуклева.

Генералната директорка на А.Д. МЕПСО, Ева Шуклева изјави дека има делови кои и без ветрот, во секој момент може да се урнат.

Таа нагласи и дека нивните екипи прават увид на настанатите штети од покривот на зградата.

Според Шуклева, целиот простор е обезбеден, а полицијата направила записник, од безбедоносни причини е ограничен и просторот за движење.

Стручните лица вршат проценка за настаната штета.

Генералната директорка истакна дека барокната фасада е нова состојба за сегашното раководство во чие поставување нема никаква улога.

„Донесена е одлука за внатрешна ревизија што треба да утврди фактичка состојба во врска со превземените обврски на изведувачот и согласно склучениот договор од 2013 година“, додаде директорката.

Таа нагласи дека од нејзиното доаѓање на функцијата тие  ја започнале процедурата на целосна ревизија, реконструкција и адаптација на управната зграда на А.Д. МЕПСО.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Нов договор – втор по ред со нови сомнежи за Бурим Латифи кој е повторно во центарот на скандалот во МЕПСО

ДУИ: Како семејниот клан на Изет Меџити го пустоши МЕПСО преку активисти на ВЛЕН

ДУИ: Бараме итна истрага за Бурим Латифи за штетата од шест милиони евра во МЕПСО

Алијансата за Албанците: Скандал во државното претпријатие МЕПСО

Арсовска го врати споменикот на Андон Лазов Ќосето

Дефект и краткотраен испад на преносната мрежа, МЕПСО објави зошто голем дел од земјава остана без струја

Катерина Ѓуровски