ВИДЕО: Што ни пренесе Филе и што треба ние да направиме – заклучоци на граѓанското општество

Од:

Проблемите се добро лоцирани во патоказот од Европската комисија, но начинот на кој тие се третираат од македонските власти е крајно неамбициозен за да можат тие да се решат– едногласни се припадниците на граѓанскиот невладин сектор. По вчерашниот настап на Филе заеднички е ставот дека овој пат еврокомесарот одлучи да ги потенцира пофалните зборови, а од друга страна да ги премолчи критиките – но тоа според нив не ни помага да ги надминеме проблемите.

Според Бојан Маричиќ од Македонскиот центар за европско образование не е доволно проблемите само да бидат штиклирани во патоказот.

„Ние можеме да имаме исполнето се од патоказот, а нашите проблеми да останат исти ако не и поголеми“ – вели Маричиќ и потсетува на петте приоритети, горливи и објективни проблем во нашето општество: слободата на медиумите, владеењето на правото, изборната реформа, реформи во администрација, пазарната економија.\

Комплетно неамбициозно се пoставени проблемите, а нивното исполнување нема да значи напреодок во ниту една од областите – вели Фани Каранфилова Пановска од Фондација Отворно општество.

Како најдобар пример за маркирање на задачи од пристапниот договор, а проблеми кои остануваат го посочуваат Законот за декриминализација. Роберто Беличанец од Центарот за развој на медиуми алудриајќи на вчерашната изјава на премиерот дека сме авангарда на евроспкото законодавство, бидејќи како ретко која земја имаме донесено ваква законска регулатива порача:

„Винамавајте, бидејќи кога ќе истрчате први на терен многу лесно може да се случи да пропаднете во земја“.

Според него Законот за декриминализација е само симболичен акт кој требаше да покаже дека двата актера Владата и ЗНМ нешто работат.

„Проблемот кој во голема мерка ги врзува медиумите со Владата, самите владини кампањи, и тоа беше еден од најгорливите проблеми кој требаше да се дефинирта во зкаонот за да не доаѓа до злоупотреби и пазарење“ – рече Беличанец.

За Маргарита Цаца Николовска од Институтот за човекови права, спорна е и констатацијата дека е зглолемена е и ефикасноста на македонското судтство.

Филе директно или индиректно вчера повика да престанат политичките партии да манупулираат со меѓуетничките односи и повика на зајакнување на регионалната соработка и добрососедските односи.

Две суштински точки кои ги нема во патоказот за пристапниот дијалог, а кои еврокомесарот ги нотираше. Граѓанскиот сектор денеска му предочи уште една – лустрацијата. За следниот патоказ, бараат да бидат вклучени граѓанските асоцијации и поголема инклузивност на невладиниот сектор.

Христена Антовска Јованчева

Би можело да ве интересира

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Елиминирањето на конкуренцијата во изборот за универзален снабдувач граѓаните ќе ги чини стотици милиони евра повеќе за сметки за струја

А1он

Универзалниот снабдувач избран без да се овозможи конкуренција, граѓаните ќе плаќаат милиони евра повеќе за струја

А1он

Влада: Веднаш по изборите да се подготват законски решенија за статусот на специјализантите по медицина

Штрајк на приватните специјализанти: Работиме 24 часа за 26.000 денари, а немаме ниту здравствено

Орце Костов

ДКСК: Владата и Апелациските судови не доставиле податоци за бројот на службени возила

Орце Костов