ВИДЕО: Штипјани за неполни две недели повторно без вода за пиење подолго од 24 часа

Од:

Причините за прекин во водоснабдувањето овојпат не се поплавите, туку активностите на водоводната мрежа од страна на ЈП „Исар“.

Според изјавата на Лидија Коцева, раководител на РЕ „Водовод и канализација“ при ЈП„Исар“, станува збор за поголеми зафати, кои се состојат од монтажа на табла-затворач на каналот за распределба од филтер-станицата, санација на настанатите проблеми по течението на хидрофорската постојка, монтажа на нов вентил на излезот од филтер-станицата , како и поврзување на Линијата 2 со индустриската развојна зона.

ЈП„Исар“-Штип (3)

Како што беше најавено, екипите на ЈП„ Исар“ во изминатото деноноќие активно работеа на поврзување на ЛИНИЈА 2 со индустриската развојна зона.

„Линијата 2 е магистрален цевковод, кој ќе ги поврзе резервоарите во мерите и во населбата Пребег. Со изградбата на оваа линија ќе се овозможи дистрибуција на 250 литри во секунда вода за пиење. Овие 250 литри ќе бидат распределени : 120 литри ќе бидат наменети за индустриската зона, а 130 литри за населбите Пребег, Железничка и Ново Село“- изјави Никола Мицевски, директор на ЈП„Исар“-Штип.


И покрај најавите од страна на Мицевски дека прекинот во водоснабдувањето ќе заврши во доцните вечерни часови од изминатово деноноќие, штипјани се уште немаат вода за пиење.

Од дежурните лица во 24-часовниот инфо-центар на ЈП„ Исар“ –Штип, на прашањето кога ќе биде пуштена вода до домовите на штипјани, добивме одговор дека таа веќе е пуштена.

Би можело да ве интересира

Четворица од обвинетите за убиството на турски државјанин во Штип остануваат во притвор, судењето закажано на 27 ноември

И го искршил черепот, ја исекол на делови и трупот го закопал во двор – детали за убиството во Штип

Убиство во Штип: 74-годишен маж со нож уби жена и телото го закопа во двор

Горан Наумовски

Во Штип гласаат 152 болни и немоќни лица

Тројца тешко повредени во сообраќајна несреќа на експресниот пат Три Чешми-Штип

Горан Наумовски

Еден загина, неколкумина се повредени во сообраќајка на патот Штип-Кочани