(ВИДЕО) „Шпион“ во Апелација, одбраната очекува укинување на пресудата

Од:

Случајот „Шпион“ денеска се врати на Апелација, а јавната седница започна со презентирање на наводите од жалбите на одбраната за првостепената пресуда на Кривичниот суд.

– СЈО се појави на судењето и судијата известител го реферираше предметот на чесен и објективен начин затоа што ги посочи сите жалбени наоди и пропусти на кој се повикува одбраната во првостепената постапка. Понатаму следуваат адвокатите и обвинетите да ги образложат жалбите и СЈО да го даде своето мислење по однос на жалбите, рече адвокатот Ѕвонко Давидовиќ на паузата од судењето.

Судијата известител, Зоран Димитриевски кажа дека пресудата напишана на 1.056 страници е целосно оспорена од страна на обвинетите и од нивните адвокати.

– Ова е пресуда во која се пречекорени сите рокови. Таа е изготвена со задоцнување од два и пол месеци, обемна е, а одбраната имала само 15 дена за да поднесе жалба“, стои во жалбите наводи, истакна судијата Димитриевски.

На јавната седница првпат присуствуваа Елизабета Јосифовска и Ленче Ристоска, обвинители од Специјалното јавно обвинителство.

– Не знам како ќе се произнесе СЈО, тоа треба тие да ви кажат, ние очекуваме да се укине пресудата затоа што има многу повреди, во основа е повредено правото на одбрана, нас не ни беше доставена првостепената пресуда од судијата, замислете како се одвивала постапката, рече Давидовиќ.

Специјалното јавно обвинителство може да ги поддржи или да ги отфрли сите наводи на одбраната. Инаку, со првостепената одлука, сите деветнаесет обвинтеи во случајот „Шпион“ беа прогласени за виновни.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Американски војник издавал тајни на Кинезите за војната во Украина и плановите за Тајван

БИА разоткри албанската шпионска мрежа во Србија

Српски офицер шпионирал за бугарската тајна служба

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Кинезите осудија на доживотен затвор американски шпион, кој работел незабележано со децении

Американски двоен агент кој работеше за Москва е пронајден мртов

Горан Наумовски