(ВИДЕО) Шолц вети ќе се заложи, Ковачевски најави: Не смееме да бидеме заложници дали ќе има или не датум

Од:

Западен Балкан за Германија е од стратешко значење и јас се залагам за примање во ЕУ. Сакам да кажам Германија е сериозна со ЕУ интеграцијата со државите од регионот, ЕУ има дадено ветување кон Македонија која ги исполни сите услови, рече германскиот канцелар Олаф Шолц во Скопје.

– Пристапните преговори треба да започнат, ќе се заложам за тоа. Многу напори направија и Северна Македонија и Албанија и ги заслужија овие разговори. Во 2003 година на земјите од Западен Балкан им беа дадени далекусежни ветувања за членството во ЕУ и тогаш сметале сите дека ќе биде тоа многу побрзо од овие 20 години. Има далекусежни одлуки кои се донесени во ЕУ, често го има тоа во политиката, како Германија ќе се заложиме многу да се ослободи патот за отворање на преговорите, рече Шолц.

Македонскиот премиер Димитар Ковачевски кажа дека македонските граѓани својата независнот ја слават на 8 септември, и дека „ние не можеме да бидеме заложници на тоа дали ќе има или ќе нема датум.

-Тоа ќе зависи од 27 земји членки дали ќе донесат одлука, а сега зависи само од една земја членка кој држи две држави во заложништво, Македонија и Албанија, рече Ковачевски.

Би можело да ве интересира

Социјалдемократската партија официјално го избра Олаф Шолц за свој кандидат за канцелар

„Не го хранете тролот“ – Олаф Шолц за Илон Маск

Шолц за Маск: „Сопствениците на социјалните мрежи нема да одлучуваат за изборите“

Предраг Петровиќ

Ковачевски вели работел законски, очекува непристрасна постапка од институциите

Катерина Ѓуровски

МВР го објави деталите од кривичната против Ковачевски, Груби и Бајрами

А1он

Не е отфрлена кривичната пријава против Ковачевски, Обвинителство ги проверува наводите

Катерина Ѓуровски