(ВИДЕО) Шкријељ: Просечната плата на историски највисоко ниво од 40.000 денари

Од:

Со економските социјалдемократски политики на СДСМ успеавме просечната плата во државава да ја издигнеме на историски највисоко ниво од 40.000 денари. Тоа се 650 евра. Поголеми плати не значат само повеќе пари во џебот на граѓаните, на работниците. Поголеми плати значи вреднување на трудот и најважно, повисок и подобар животен стандард, рече Санела Шкријељ, пратеничка на СДСМ.

– Концептот на СДСМ да има повеќе за сите, парите да завршуваат назад кај граѓаните дава резултат и во услови на енергетска криза се покажаа исправни. 40.000 денари просечна плата или 650 евра се за 290 евра повеќе во споредба со времето на ДПМНЕ. Тогаш работниците се третираа како евтина работна сила а парите се фрлаа на споменици и барок.

Тоа е суштинска разлика помеѓу концептот на ДПМНЕ и концептот на СДСМ кој значи поголеми плати, кој значи повеќе за сите. СДСМ ќе продолжи со политиките на зголемување на платите и во новиот мандат. Ќе работиме да дојдеме до над 1.000 евра просечна плата и минимална плата од 600 евра. Со правилни политики ова е достижно, затоа што ние покажавме дека овие историски највисоки нивоа кои денес ги имаме, се исто така достижни.

Никој не веруваше дека 500 евра просечна плата до 2024та година е можно и остварливо. Но тоа ветување, СДСМ го оствари со уште поголем износ од 650 евра. Така ќе биде и овој пат со ветувањата кои ќе бидат дел од предизборната програма на претстојните избори. СДСМ ќе продолжи да ја развива економијата, да растат платите и да има повеќе за сите – изјави Шкријељ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври

Катерина Ѓуровски

Филипче со порака до Мицкоски: Доаѓа времето на вистината – ќе одговарате сите до еден!

А1он

(ВИДЕО) Наумоски: Договорот за Михаилова е само еден случај од многуте – одговорност од Тошковски затоа што никој не одговара!

СДСМ: Мицкоски го штити Тошковски, а граѓаните гледаат театар наместо одговорност за бегството на Михајлова

Горан Наумовски

СДСМ: Клековски се прави како да не е од тука, Ива Михаилова избега зашто Тошковски ја пушти, Муцински договори, а Мицкоски одобри

Горан Наумовски