ВИДЕО: Шилегов лично го покани Коце Трајановски на ТВ дуел

Од:

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Петре Шилегов го покани на ТВ дуел противкандидатот од ВМРО-ДПМНЕ, Коце Трајановски додека даваше изјава по повод потпишувањето на „Платформата за чист воздух“, од граѓанската иницијатива О2 коалиција за чист воздух. Шилегов се обрати до Трајановски и побара да се појави на снимањето на дебатата меѓу кандидатите за градоначалник на Скопје во 16 часот. Трајановски ја напушти говорницата со коментар дека на настанот дошле да дискутираат и зошто го прозива него.

И на овие избори и покрај поканите од сите медиуми, ВМРО-ДПМНЕ им забрани настапи на нивните кандидати и не одговори на ниту едно барање. Видеото од настанот Шилегов го сподели на својот Фејсбук профил.

Би можело да ве интересира

Градоначалник на Брвеница ќе се избира на 18 октомври, Гаши ја потпиша одлуката

Мицкоски во Маврово и Ростуше на средба со граѓаните и поддршка за Онер Јакупоски за градоначалник

Вучиќ ги објави резулатите од локалните избори: Убедлива победа

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски