(ВИДЕО) Шилегов: Сите штети од Субрата Рој од свој џеб да ги платат Ставрески и Груевски

Од:

Бараме Ставрески и Груевски да излезат и веднаш, лично, да ги соопштат вкупните штети од склучените бизниси со нивниот партнер во затвор Субрата Рој.

Од каде сакаат можат да ја соопштат вистината – од трактор, пред пустелијата во Џумајлија, од кајче, пред празните плажи во Љубаништа.

Потоа, сите трошоци од случајот Субрата Рој да ги платат од свои џебови, лично Ставрески и Груевски“, изјави на денешната прес-конференција портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.

„Не може двајцата да се кријат зад соопштение на Министерството за земјоделство, според кое треба да се радуваме дека наводниот мултимилијардер, од милионските најави, ни оставил банкарска гаранција!

Ставрески и Груевски му дадоа на Субрата Рој непроценливо плодно земјоделско земјиште од 5.000 хектари, земја што стои необработена 18 месеци!

Ставрески, спектакуларно од трактор, ги тешеше земјоделците дека за возврат на земјата што му ја даваат на индиецот, ќе следува инвестиција незапаметена во последните 20 години. Мултимилијардерот првично ќе инвестирал 200 милиони евра. Ќе донел 20.000 грла крави. Ќе се изграделе фарми и млекара што ќе произведува 80.000 литри млеко дневно.

Ставрески и Груевски, скандалозно, му дадоа на Субрата Рој и бизниси на плажите и во водите на Охридското езеро! Не ги предомислија ни ставовите на УНЕСКО, ниту на екологистите, ниту на МПЦ. Дури, со пари на граѓаните повеле и судски спорови да помогнат на партнерот од Индија.

Па, Ставрески од кајче, прегрнат со партнерот Рој, низ богати гоштевања, најави дури и филмови во Македонија.

Зад сите најави, остана еден голем реален, авантуристички, македонско – индиски, скап, филм, што треба да го платат граѓаните на Република Македонија.

СДСМ, веднаш откако се дозна какви криминали направил Субрата Рој во Индија, побара итно раскинување на партнерството со наводниот богаташ.

Владата не послуша. Напротив, следуваа нови патувања Индија – Македонија, дочеци со луксузи, фестивали на плоштад, манифестации во негова чест.

Сега последиците треба да ги понесат партнерите на Рој, Ставрески и Груевски“, рече Шилегов.

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?

СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот Славески

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!