(ВИДЕО) Шилегов: СДСМ не оди на избори во април

Од:

Договорот од Пржино е договор кој е на издишување, не можеме се уште да го прогласиме за мртов, меѓутоа сериозни индиции има дека владејачката структура сака да го дотолчи тој договор од две причини: ДУИ е партија во распад, очигледни се сериозни и јавни разлики во раководството, а ВМРО-ДПМНЕ има сериозен проблем со правните постапки кои се водат пред СЈО, вели за А1он пратеникот и портпарол на СДСМ, Петре Шилегов.

-Опозицијата одлучи на денешната пленарна седница пратеничката група на СДСМ да не земе учество. Во тек е седницата на централниот одбор на СДСМ. На овој централен одбор ќе бидат донесени соодветните заклучоци кои се однесуваат за ангажманот како на пратеничката група така и на министрите за внатрешни работи и труд, социјална политика и заменици министри во Владата, вели Шилегов.

Според него, ова е време на носење на мудри, а не насилни одлуки и вели дека одлуките на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ не се мудри одлуки, напротив, тие се насилни, што може исклучиво да донесе продлабочување на политичката криза во Македонија.

-Одлуките кои треба да ги однесеме како политички партии треба да бидат одлуки кои што треба да доведат до надминување на политичката криза. Ваквата еднострана одлука ќе ја ескалира кризата, така што не можеме во моментов да кажеме какви се последици може да има и по македонското општество, меѓутоа и како се ќе биде начинот на борба на СДСМ во иднина. Она што можам да го кажам е дека нашата борба за слобода и демократија нема да престане, нашата борба за слободни, демократски и фер избори нема да престане, какви ќе бидат начините е нешто што нема да зависи од нас, ќе зависи од наредните одлуки на владиното мнозинство, вели Шилегов.

Тој вели дека е очигледно дека ваквата избрзана и насилна одлука оди во функција да биде прогласен за мртов договорот од Пржино за да последиците кои се раѓаат од нив, а според Шилегов, тоа е уништување на нивното режимско владеење, да бидат ослободени од стегите на договорот за да владеат.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Починале 20 бебиња за 6 месеци – СДСМ бара оставка од Таравари

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Груби навреме добил дојава од внатре, од самото МВР со кое управува Тошковски

ВМРО-ДПМНЕ: Проблеми во енергетскиот сектор се последица на криминалното работење на СДС и ДУИ

СДСМ: РЕК Битола не работи и не произведува струја

СДСМ: Додека скопјани се гушат ДПМНЕ не прифати ниту еден амандман против загадувањето

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Фани се левиот и десниот џеб на Заев