Пратеникот на СДСМ, Петре Шилегов потврди дека наскоро ќе има избор на нов собраниски спикер и промена на власта, но не го соопшти начинот и датумот бидејќи не сакал да има конфликти.
– Никола Груевски не заслужува ниту една гребнатина, а не жртва на народот. Позади оваа Баба Рога наречена платформа стои едно разлигавено диктаторче кое сака да избегне одговорност, рече Шилегов.
Во врска со лидерска средба, Шилегов категорично одби, бидејќи, како што рече, нема со кого да разговараат и кажа дека тоа што се одвива на седницата не е дебата туку е срам.