(ВИДЕО) Шилегов: Незадоволството на ВМРО-ДПМНЕ од СЈО произлегува од тоа дека тие имаат нешто да сокријат

Од:

-Незадоволството на ВМРО-ДПМНЕ од Специјалниот јавен обвинител очигледно произлегува од тоа дека тие имаат што да сокријат. Очигледно е дека нивното одбивање значи страв и прикривање на вистината, вели Шилегов.

Во образложението на законот децидно беше кажано дека станува збор за Специјално обвинителство и за него се предвидени истите решенија кои што ги предвидува законот во кривична постапка за специјалното оделение за гонење на сторители на кривични дела од областа на организираниот криминал и не постои разлика помеѓу тие обвинители, рече Петре Шилегов додавајќи дека специјалните делови од јавното обвинителство на Македонија за организиран криминал и за прислушуваните разговори треба да работат под истите законски решенија.

Според Шилегов тврдењето за нелегитимноста на Парламентот и овој состав на Собранието, Социјалдемократскиот сојуз како политичка партија го имаат уште во моментот кога не ги признаа изборите заради кражба.Тој истакна дека враќањето на Социјалдемократскиот сојуз во Собранието е од причина да помогнат за излез од политичката криза.

-Не можете да го поистоветувате Социјалдемократскиот сојуз како политичка партија и СЈО кое како огран го избраа сите четири политички партии присутни во овој Парламент, рече Шилегов.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он