(ВИДЕО) Шилегов: Нема да не замолчат!

Од:

„Денеска присуствувавме на една од епизодите на неуспешниот филм наречен „обиди се да ја замолчиш опозицијата и обиди се да ги замолчиш слободоумните луѓе во Македонија”.

Без оглед на ваквиот тип на настани и судења, СДСМ и понатаму ќе продолжи со обелоденување на вистината пред граѓаните“, рече портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, пред Основниот суд Скопје 2.

Шилегов изјавата ја даде по денешното рочиште по тужбата против него за навреда и клевета од министерката за култура Елизабета Канческа-Милеска за изградба на објектот на Македонскиот народен театар. Според него тужбата не треба ниту да постои, но рече дека ќе се воздржи од коментари додека заврши судкиот процес.

Шилегов во однос на обвинувањата од власта и по соопштението од Комисијата за спречување корупција, рече дека по трет пат ги повикува Никола Груевски, Зоран Ставрески и Миле Јанакиески, сите задно или поединечно, или било кој министер од Владата, да најдат храброст и да одберат, време, место, медиум, водител, да ги соочат фактите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Арсовска до Премиерот: Гледај си ги твоите проекти, кој ќе ти ги одземе тебе ингеренциите?!

Анита Петровска Рајковиќ

ВИДЕО: Обвинетите тврдат дека не го запалиле „аудито“ на Шилегови, обвинителот е дециден дека ќе докаже

Ландов

Запален автомобилот на сопругата на Шилегов: Почнаа да пукаат гумите, одма пријавивме

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Шилегов: Дрисла повеќе не го труе Скопје, инвестиравме во здравјето на граѓаните

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Шилегов: Планетариумот на МКЦ го опремуваме по најновите технолошки стандарди, Скопје мора да продолжи напред

Ана Ололовска

Шилегов: Со секојдневниот бесплатен превоз за пензионерите, ги враќаме и помладите патници заради намалените гужви

Ана Ололовска