(ВИДЕО) Шилегов: Медиумскиот мрак има цена, уредниците на Груевски отвораат нови фирми за нови пари

Од:

Јавноста знае за грстот фирми со седиште на адресата на Сител телевизија, Градски стадон ББ Скопје. Сопственост на Латас и Ивона Талеска. Зошто овие фирми сега се неактивни нема одговор. Можеби затоа што има други фирми преку коишто се вратат илјадници евра, прашува Петре Шилегов, портпарол на СДСМ.

Граѓаните се охрабрија. Луѓе блиски до ВМРО-ДПМНЕ, вработени во провладините маедиуми, до СДСМ, ги доставија следниве информации:

Куќниот пријател на Никола Груевски, уредникот на Сител, Драган Павловиќ Латас додека затвора едни, отвора други фирми. Со слични имиња.

Тотал Медиа Центар ДООЕЛ
Макс Медиа ДООЕЛ
Тотал Маркетинг ДООЕЛ
Медиамакс ДООЕЛ

Едни фирми се неактивни на Градски стадион ББ. Други фирми се отворени и активни на друга адреса.

Фирми со нула вработени. Ама носат нови пари. Регистрирани на Булевар Илинден 103/12 во Скопје.

Овие четири фирми, за само три години, оствариле приходи од над 736 илјади евра.

Тотал Медиа Центар, управител и сопственик Латас, остварила приходи од над 112 илјади евра.

Медиамакс ДООЕЛ Скопје, сопственост на Ивона Талеска, управител Латас, остварила приходи од речиси 200 илјади евра.

Потсетуваме, Талеска е дел од извршниот одбор на МАН, главен противник на реформите во медиумите.

Дали противењето на некои медиуми, по секоја цена да не се спроведат реформи во медиумската сфера, не се ништо друго освен штитење на бизнис интересите и личното богатство на главните уредници-протагонисти на Никола Груевски?

Поврзаноста на медиумскиот мрак и корупцијата, односно личното богатење на главните медиумски протагонисти на Груевски се уште една причина зошто се потребни реформи во медиумите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он