(ВИДЕО) Шилегов: Кривичниот совет да го укине незаконското решение на Поп Стефанија

Од:

„Со оваа одлука вкупно 7 судии од судовите во Македонија се делегирани во Одделот за прекршоци во Основниот суд Скопје 1. Тројца од Тетово, тројца од Куманово и Александра Поп Стефанија од Неготино. До ден денеска, шест од овие судии се уште судат во Одделот за прекршоци. Единстено Поп Стефанија, пред два месеци, непосредно пред криминалната аболиција на Иванов, незаконски е назначена во Одделот за организиран криминал, од страна на претседателот на судот Владимир Панчевски“, рече портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.

„Ова назначување на Поп Стефанија за судија во организиран криминал е спротивно на Законот за судовите, одлуката на Судскиот совет и Правилникот за работа на Судот.

Исто така, незаконска е и одлуката којашто ја донела Поп Стефанија да се прогласи СЈО за ненадлежно околу случајот за уништување на опремата за прислшување.

Потсетуваме, во овој предмет осомничени се, меѓу другите, и Гордана Јанкуловска и Горан Грујевски.

Поради процесни грешки, меѓутоа и заради неправилности и незаконитости на решението на Поп Стефанија Кривичниот совет на Основен суд Скопје 1 треба итно да го укине ова незаконско решение.

Откако ќе се укине ова незаконско решение предметот за уништување на опремата за незаконско прислушување треба да се додели на судија кој суди во делот за организиран криминал.

Претседателот на судот, Владимир Панчевски има обврска да ја почитува одлуката на Судскиот совет и треба да ја врати Поп Стефанија во Одделот за прекршоци и на нејзино место да назначи судија од редот на судиите од Основен суд Скопје 1. Судски совет има обврска да поведе постапка за нестручно и несовесно работење против судијката Александра Поп Стефанија што донесе решение спротивно на законот. Исто така, Судскиот совет има обврска да поведе постапка за нестручно и несовесно работење и против претседателот на Основниот суд Скопје 1, Владимир Панчевски, заради флагрантно кршење на прописите.

Овие незаконски одлуки се очигледен обид да се одбрани криминалната власт од правдата и законите. Ништо друго. Но, бегање од правдата нема да има. СДСМ ги повикува и ги охрабруваме чесните судии во Основниот суд Скопје 1 својата работа да ја темелат исклучиво на Закон и законитост во своето постапување. Секој треба да разбере дека служењето на криминалните интереси на врвот на ВМРО-ДПМНЕ повлекува законска одговорност.

Правда ќе има. Секој што го прекршил законот ќе одговара. Нема спас за Никола Груевски и неговото криминално друштво“, рече Шилегов.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Огњеновиќ: СДСМ поднесе пријава до ДКСК за тендерите од девет милиони евра, заедно со сите докази

Горан Наумовски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Вториот вработен во фирмата со тендри од девет милиони евра поврзан со УБК на Мијалков и уништувањето на опремата, објави СДСМ

Арсовски бара јавно извинување од СДСМ и нагласува дека нема никаква поврзаност со фирмата „Дигитал оне“

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Девет милиони евра тендери за фирма со двајца вработени, отворена пред една година, објави СДСМ

Горан Наумовски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ