(ВИДЕО) Шилегов: Клучката кај Визбегово значи пробивање на булеварите Словенија и Хасан Приштина

Од:

Градоначалникот Петре Шилегов денеска најави уште еден голем проект за жителите на Скопје – изведбата на клучката кај булеварот Словенија, која заедно со клучката кај Момин поток се наоѓа на едната од двете главни рути кои ги поврзуваат северниот и јужниот дел од градот. На презентацијата на овој капитален проект денеска присуствуваа и вицепремиерите, Фатмир Битиќи и Артан Груби, како и градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, информираат од Град Скопје.

– Денеска започнува постапката за избор на најповолен понудувач за изградба на клучката кај булеварот Словенија, што е всушност продолжение на клучката кај Момин поток. Овде го решаваме тесното грло на поранешната Јадранска магистрала, сега булевар Хасан Приштина. Ова не значи само работа на клучката, ова значи дека почнуваме со градба на два нови булевара – едниот е булеварот Хасан Приштина низ индустриската зона Визбегово до обиколницата, а вториот е продолжението на булеварот Словенија кој што ќе оди до Волково и ќе се вклучува на обиколницата на западниот влез во градот. Вкупната инвестиција изнесува околу 550 милиони денари, а започнуваме со средства од ребалансот на Буџетот на Република Северна Македонија, обезбедени од страна на Владата, во износ од 2 милиона евра. Сакам да изразам благодарност до вицепремиерите овде присутни за помошта која што ја даваат на Градот. Ова е инфраструктура која го решава најголемиот проблем во сообраќајот кој што во моментот постои во нашиот град, но создава и перспектива за понатамошен непречен развој на Скопје, рече градоначалникот Шилегов, на презентацијата.

Тој очекува дека за 2 до 2,5 години овој потег и северниот влез во Скопје ќе добијат сосема поинаков лик.

Како што известува Град Скопје, станува збор за огромен проект во вкупна вредност од околу 8,5 милиони евра, од кои за првата фаза 2 милиона евра се обезбедени со поддршка од Владата преку ребаланс на Буџетот на Република Северна Македонија. Со цел да се намали сообраќајниот метеж на овој потег, проектот предвидува денивелиран патен јазол чија конструкција предвидува 5 рампи кои директно ги поврзуваат булеварите Словенија и Никола Карев и улицата Новопроектирана 6. По должина на целата сообраќајница ќе биде поставено најсовремено ЛЕД булеварско осветлување, средишно и странично зеленило, пешачки и велосипедски патеки од двете страни на коловозот.

Изградбата на оваа клучка е од особено значење заради пробивањето на двата булевари, булеварот Словенија кон Карпош и булеварот Хасан Приштина кон излезот за Косово.

Во северниот дел од градот Градот Скопје веќе ги заврши булеварите Босна и Херцеговина, Христијан Тодоровски Карпош и Никола Карев, а во тек е изведбата на клучката кај Момин поток, се додава во соопштението.

Би можело да ве интересира

Град Скопје: Трајко Славески не прифати седница за донирање на месечните паушали за Леонид

Предраг Петровиќ

Дива депонија во Визбегово, Арсовска најави кривични пријави

Стојановски: Утре изутрина од 4:45 часот јавниот градски превоз ќе продолжи нормално да функционира

Предраг Петровиќ

Советот на Град Скопје ја донесе одлуката за давање субвенции на ЈСП Скопје за 2024 година

Град Скопје: Вработените во ЈСП Скопје без плата, а граѓаните на Скопје без превоз

Левица: Итна седница на Советот на Град Скопје, Трудот на работниците во „Флораком“ и „Луна“ мора да биде исплатен

А1он