(ВИДЕО) Шилегов: Ќе го ставиме езеро Треска во целосна функција и ќе им го вратиме на граѓаните

Од:

„Денеска сме на СРЦ Езерце Треска, дојдовме овдека за да граѓаните преку камерите со свои очи да се убедат, за состојбата на овој капитален објект. Запуштен, фрлен на забот на времето, заборавен, градот Скопје никогаш не најде ниту сила, ниту средства, ниту волја, да ова богатство кое го имаме на неколку километри, од центарот на Скопје биде ставено во полна функција. Новата администрација на градот Скопје, јас како градоначалник, ќе го ставиме во целосна функција, во полн капацитет овој капитален објект.

Со јавно приватно партнерство ќе изградиме пречистителна станица, која што ќе ја направи здрава водата, во езерото Треска, тука ќе го префрлиме ноќниот живот и целокупното езерце ќе биде ставено во функција, што само по себе ќе има извесна социјална мерка, бидејќи луѓето од Скопје кои немаат средства да одат на годишен одмор, оваа убавина, ќе биде од нивна помош за во топлите летни денови скопјани да можат да се забавуваат и разладат.

Тоа е нашиот приод, поинакво планирање, градба на инфраструктура и одржување на инфраструктура. Веројатно на некој му беше полесно и поедноставно, да гради, отколку да одржува нешто што скопјани многу одамна го имаат платено, со своите средства. На ова место ќе го вратиме животот во Скопје, живот во Скопје за сите“ изјави Петре Шилегов, кандидат за градоначалник на Град Скопје, од СДСМ и коалицијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?