(ВИДЕО) Шекеринска: Заедно можеме, заокружете го бројот три, гласајте за сигурност!

Од:

Денес во Битола претседателот на СДСМ Зоран Заев и заменичката на претседателот Радмила Шекеринска дадоа заеднички изјава за медиумите.

„Изминативе три години кратки имавме влада која ја предводеше социјалдемократскиот сојуз. Влада врз чии плеќи паднаа децениски наталожените проблеми. Влада која не беше без грешки, но која беше одлучна да ја извади нашата држава на правиот пат. И тоа го сторивме.

Мораше одново да се изградат сите дипломатски позиции, да престанеме да бидеме изолирана држава, да разговараме како рамноправни.

Од земја на која постојано и предвидуваа мрачна иднина, денес ние сме дел од најмоќната алијанса на планетата. Седиме на иста маса, еднакви со оние кои ја креираат глобалната политика“, рече Радмила Шекеринска, заменик претседателка на СДСМ и носителка во ИЕ 5.

„Три години не беа доволни да се искорени стравот и уцената која ја втемелија во секоја пора од општеството па и во судството. Донесовме правичност и сега на ред е безусловна правда.

Го сочувавме и добивме меѓународна потврда на нашиот идентитет и македонскиот јазик, нашата традиција и култура. Денес не може никој да ви спори што е македонско.

Ја вративме слободата сега никој повеќе не е наведнат и замолчен.

Живееме во вонредни околности, живееме во услови на планетарна криза која никој не ја очекуваше а уште помалку некој беше подготвен. Како влада и како партија макотрпно влеговме во процесот на престројување и зачувување на нашиот начин на живот.

Вирусот е тука и ќе биде тука. Но со одговорно однесување, со правилни политики, со помош на нашите сојузници во НАТО и во ЕУ од ова ќе излеземе како победници.

Од денес на полноќ започнува изборниот молк. Имавме кампања која беше надвор од стандардите, користевме нови алатки на современата технологија за да допреме до сите вас.

Имавме кампања во која не велевме „ќе“ туку објаснивме што сработевме, каде бевме, каде сме сега и каде сакаме да бидеме во следните 4 години.

За само две ипол години постигнавме многу но сето тоа може да го фрлат во вода за два месеци.

На гласачкиот пулт сте сами, заштитени и безбедни.

Размислете и вие за вашата иднина, размислете длабоко и прашајте се каде сакате да се видите во следните четири години. Повторно во мрачното минато или во иднината.

Размислете каде и во каква иднина сакате да градите, да се развивате, да ги воспитувате вашите деца, да ја живеете вашата старост. Ако одговорот е во иднината ако одговорот е напред ако знаете дека ЗАЕДНО можеме, тогаш заокружете го бројот три, гласајте за сигурност!“, изјави Радмила Шекеринска, заменик претседателка на СДСМ и носителка во ИЕ 5.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицковски е ист како Груевски, злоупотребени децата во Гевгелија

Горан Наумовски

СДСМ: Нема промена во ДПМНЕ, над 80 отсто од листите се истите пратеници кои спроведуваа активни блокади

Талевски: ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните

Катерина Ѓуровски

Формирана „Коалиција за европска иднина“

Предраг Петровиќ

СДСМ: Безбедни ученици, бесплатен топол оброк во средно и основно

Горан Наумовски

СДСМ: Платформа од минатиот век се нови лажни ветувања на ДПМНЕ по пример на Скопје