(ВИДЕО) Шекеринска: Транспарентноста е една од главните алатки во борбата против корупција

Од:

Определбата на Владата за транспарентност нема да го заобиколи Министерството за одбрана, туку напротив, целта е да се покаже дека ова министерство во некои чекори може да биде дури и понапред од другите, истакна министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, за време на денешната прес-конференција.

„Во МО и понатаму ќе има доверливи и класифицирани информации, но исклучиво оние поврзани со безбедносните интереси на државата. Такви не можат да бидат трошењата на министерот или раководната структура, услугите, јавните набавки итн. Граѓаните мора да можат да ја добијат информацијата за тоа како се трошат и за што се трошат нивните пари. Транспарентноста во работењето ја гледаме како една од главните алатки за борба против корупцијата, а одговорното работење не го гледаме како право, туку обврска за сите нас. Затоа во Министерството за одбрана започнавме со спроведување на принципите на т.н. активна транспарентност. Принципи кои се содржани во Програмата за работа на владата, а според кои институциите треба да ги споделуваат информациите дури и пред истите да бидат побарани од страна на граѓаните, невладините организации, медиумите, во поглед на лесен пристап до програмите, стратегиите, буџетот, организацијата и трошоците во работењето“, посочи Шекеринска.

Таа додаде дека Министерството за одбрана не само во Македонија, но особено во земјава, се сметало за едно од традиционално најзатворените министерства поради природата на работа, но и поради таквата политичка волја.

„Зад параванот на класифицирани информации важни за безбедноста на државата во минатото се криеја потези кои значеа криминал, злоупотреба на средства, лагодно однесување од страна на раководителите во Министерството, па дури и манипулации. Во име на законската потреба од класифицираност околу споделувањето информации за суптилни безбедносни прашања се правеле манипулации кои оделе директно на штета и на безбедноста на државата, но и на буџетот на Република Македонија. На таа практика ѝ дојде крајот“, рече Шекеринска и додаде дека од овие причини, за првпат во МО е донесен Правилникот за транспарентност во работата со кој Министерството се обврзува да биде максимално транспарентно кон јавноста.

„Министерството за одбрана за првпат јавно објавува серија документи – почнувајќи од документите поврзани со своето материјално финансиско работење, практичните информации за граѓаните до кои тие досега тешко можеа да дојдат и мораа да минуваат низ доста комплицирана бирократска процедура. Информациите за сите заинтересирани ќе бидат достапни без да се доставуваат барања по Законот за слободен пристап до информации, а дека ќе бидат постојано ажурирани гарантира Правилникот за транспарентност во работењето на МО, којшто ги обврзува секторите веднаш штом се сличи промена во стратешките документи, во подзаконските општи акти или кој било од другите документи да бидат веднаш достапни на веб-страницата на Министерството“, рече Шекеринска.

Таа дополни дека на веб-страницата на Министерството е отворена опцијата „Јавноста има право да знае“ каде што се ставени голем број информации кои за првпат се достапни до јавноста и со кои Министерството се отвора кон граѓаните, а тука спаѓаат законите и општите подзаконски акти, стратешките документи, буџетот на Министерството, но и анкетните листови на министерот и заменикот-министер, како и платите на целокупната раководната структура на Министерството, Армијата и воената академија, коишто работат во состав на Министерството за одбрана.

Би можело да ве интересира

Уште две министерки побараа апанажа: Царовска молчи за плановите, Шекеринска размислува

Кристијан Ландов

Шекеринска: Принципиелно и чесно е да не учествувам во следната Влада

Ана Ололовска

Шекеринска – Брнз: Обуката на Лесната пешадиска баталјонска група со американски инструктори – важна страница во билатералната соработка

А1он

Средба на Шекеринска со поранешната државна секретарка на САД, Медлин Олбрајт

А1он

Шекеринска од Вашингтон: Ќе побараме силна поддршка од САД за продолжување на нашиот европски пат

А1он

Адмирал Бурк по средбата со Шекеринска: Имавме многу продуктивни разговори, благодарност за учеството во КФОР

А1он