На граѓанскиот парламент во Гевгелија синоќа Радмила Шекеринска рече дека „врхушките“ на Груевски се министрите кои наредуваат „ајде побрзо тепајте“ и затоа ќе одговараат пред народот на избори.
Десетина минути пред да удрат по пратениците тие покажаа дека и самите се свесни дека тоа што ќе го направат е криминал – рече пратеничката од СДСМ и запраша: Зошто ги избркавте новинарите, зошто ги тргнавте камерите, кога секој од нас е сигурен дека тоа што го прави е исправно?
Никој не бега од сведоци, ако тоа што го прави е во ред, додаде таа.