(ВИДЕО) Шекеринска: Само чисти избори можат да ја решат кризата во Македонија

Од:

Потпретседателот на СДСМ Радмила Шекеринска денеска од Охрид порача дека кризата во Македонија предизвикана од, како што наведе, погрешните и криминални политики на власта може да биде надмината само низ чист, кредибилен, фер и демократски изборен процес. Предуслов за тоа, според неа, се прочистен изибирачки список и реформирани медиуми.

Во изјавата за медиумите таа посочи дека владејачката гарнитура по секоја цена бега од такви избори, за што како уште една потврда ја посочи последната одлука на Агенцијата за пошти и Дирекцијата за заштита на личните податоци да побараат од ДИК заштита на личните податоци на граѓаните.

– Двете институции во ист ден испратија дописи и одлуки до ДИК, со една и единствена цел координирана од врвот на ДМПНЕ, а тоа е да се спречи понатамошното јавно објавување на сите податоци од избирачкиот список. На тој начин ќе се крши изборниот закон и принципите договарани и во Пржино и после тоа, истакна Шекеринска.

Таа забележа дека и двете институции што години наназад молчеле во услови додека партиски организации се шетале од врата на врата, од човек на човек, и како што рече „со податоци на ПИОМ вршеа политички притисоци врз граѓаните, сега наеднаш бараат од ДИК практично да ги затвори тие информации што беа достапни до граѓаните“.

– Со тоа се покажува дека власта бега од демократски избори и се плаши дека било каков јавен пристап до избирачкиот список ќе ги открие дополнително криминалите правени во текот на претходните избори, нагласи Шекеринска.

Во однос последните најави од ДУИ за напуштање на владејачката коалиција, таа рече дека нема да коментира одлуки што партијата еднаш ги објавила, за веќе денеска да најави дека дополнително ќе ги појаснува.

– ДУИ нека им ги објаснува своите одлуки на своите членови и пред своето гласачко тело. Наша работа е никој од нас да не дозволи Македонија да биде жртва на било какви било внатрепартиски или меѓупартиски пазарења и договарања. Факт е дека само чисти избори можат да ја решат кризата, а бекството од фер и демократски избори е само страв од соочување со граѓаните, но и од кривична одговорност за криминалите што излегуваат на виделина, рече Шекеринска.

СДСМ вечер во Охрид ќе организира и тркалезна маса со граѓаните во присуство на членови на највисокото партиско раководство.

Би можело да ве интересира

Марков: Талогот Филипче е прочитана книга, жителите на Ново Село ја избираат политиката на резултати, а не политиката на тензии

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Филипче: Власта е исплашена, посегна по децата, организаторите и напаѓачите мора да одговараат

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Штерјова: Обвинителството веднаш да ги пронајде насилниците што по налог на Мицкоски ги нападнаа младите во Ново Село

Горан Наумовски

СДСМ: Анализа на водата во Гостивар дури на 20 август, а дотогаш народот нека се труе

Горан Наумовски

(ВИДЕО) СДСМ: Во Ново Село организираната криминална група прати насилници да ги тепаат младите – затоа што се плашат од вистината!

Горан Наумовски

СДСМ: Славески и Мицкоски велат имаме најдобра куповна моќ – граѓаните гледаат во фрижидерот и се прашуваат каде живеат