30 септември е шанса да се обединиме околу идеја која е поголема од сите нас поединечно. Долг и обврска на нашата генерација е обезбедиме нашите млади да не се занимаваат со проблемите кои ги имаме сега. Наша е одговорноста, на секој од нас, да излеземе на референдумот на 30 септември, бидејќи тоа е историската шанса на која чекавме 27 години.
Ова е клучниот историски потег кој го бара учеството на секој граѓанин, клучниот чекор кон европска Македонија со повеќе работни места, повисоки плати и подобра иднина – рече министерката за одбрана Радмила Шекеринска на трибина во Струга.
Шекеринска посебно им се обрати на младите, повикувајќи ги да бидат будни и гласни за Македонија да стане дел од европското и светското семејство.
– Ги повикувам да продолжат да бидат будни и гласни, да продолжат да бараат повеќе и подобро, и да ја зграпчат оваа шанса, да ги имаат сите можности кои ги имаат нивните врсници во Европа. Да покажеме дека со нашите млади Македонија има со што да се гордее – рече Министерката за одбрана Радмила Шекеринска на трибината во Струга.
Македонија е добредојдена во ЕУ и НАТО. Тоа дојдоа да ни го кажат генералниот секретар на НАТО од Брисел, германската канцеларка од Берлин. Никогаш претходно во 27 години Македонија не била посетена од германски канцелар.
Тоа значи дека светот гледа, цени и решил да ни ги отвори вратите. Но дали ќе поминеме низ таа врата зависи од нас. Да не ја пропуштаме оваа шанса- порача министерката.
Таа зборуваше за силните економски ефекти по членството на соседните земји во ЕУ и НАТО. Младите од Македонија заминуваат во земјите членки на ЕУ и НАТО, дали да дозволиме тоа да продолжи или да заличиме на тие земји – рече министерката.
– Најоатриотски чин за оваа држава е да обезбеди нашите млади, нашата економија, нашето стопанство да имаат шанса. Наша должност е да го надоместиме изгубеното време. Да научиме од одлуките на 8Септември, да научиме од одлуките на двата Илиндени, да го направиме септември да биде референдумски победнички месец за Македонија – рече Шекеринска на трибината во Струга.