(ВИДЕО) Шекеринска: Кога жените зборуваат во еден глас, тогаш се може да се промени на подобро

Од:

„Денеска сме гордо и храбро застанати и чест ни е да кажеме дека сме дел од парламентарно мнозинство и Влада која се труди една по една да ги поправа неправдите, да ја враќа жената на местото коешто ѝ припаѓа и да ги крши табуата и стереотипите со кои не малтретираа сите овие години. Тоа не го правиме со флоскули, ниту со платени реклами, тоа го правиме преку промени коишто сакаме да се случуваат секој ден и да влијаат на животот на секоја жена и секој маж во оваа држава“, порача заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска во своето обраќање на Маршот во Куманово, во чест на 8. март.

Шекеринска истакна дека СДСМ како партија што ја предводи Владата секојдневно работи на исправање на неправдите и унапредување на правата на жените во Република Македонија.

„Зад нас ги оставивме годините во кои систематски се кршеа правата на жените. Сакаме она што е лошо да го заборавиме, да не не оптоварува, меѓутоа, мораме да паметиме колку лесно можеше да ја изгубиме и државата и нашето место како жени. Мора да се сеќаваме за да не дозволиме никогаш повеќе да се повтори“ рече Шекеринска.

Заменик претседателката Шекеринска додаде дека и натаму претстојат сериозни предизвици во заштитата и унапредувањето на правата на жените, но СДСМ и преку централната и преку локалната власт продолжува да работи посветено на спроведување на зацртаните реформи што обезбедуваат квалитетен живот за жените и за сите граѓани.

„Не е едноставно за неколку месеци да поправате нешто што систематски било уништувано 10 години, но се обврзуваме и денеска дека ќе продолжиме да ја менуваме Македонија, да биде навистина држава на еднакви граѓани, општество за сите. Без разлика колку е тешко, ние ќе го дадеме нашиот максимум. Жена со глас е силна жена, ама кога жените зборуваат во еден глас, тогаш се може да се промени на подобро, затоа да продолжиме и понатаму, со љубов, со знаење, Македонија да ја направиме подобро место“ рече заменик претседателката на СДСМ, Шекеринска на Маршот организиран од Форумот на жени на СДСМ, денеска во Куманово.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Без силен член 353, тендерската коалиција ВМРО-ЗНАМ сака слободно да ги дели државните пари на свои фирми

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го смени Членот 353 со кој си се амнестираше од криминалот, сега бара негови измени

(ВИДЕО) Кузеска: Владата на Мицкоски и ВМРО нема решенија ниту одговори на проблемите со кои секојдневно се соочуваат граѓаните

Горан Наумовски

СДСМ: Имотот стекнат со криминал мора да се конфискува без разлика кога е украден

Горан Наумовски

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не ја почитува ни светоста на верските празници

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Горан Наумовски