(ВИДЕО) Шахпаска: ВМРО-ДПМНЕ продолжува со кочење и блокирање на законите што се од интерес на граѓаните

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ продолжува со погубната стратегија на кочење и блокирање на законите што се од интерес на граѓаните.

Потврда за тоа се поднесувањето на стотици и илјадници амандмани на еден закон и незакажувањата на продолженијата на комисиските седници.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ оневозможуваат Законот за легализација да се донесе до распуштање на Собранието, со што свесно стопираа легализација на стотина илјади објекти на граѓани“, рече Јагода Шахпаска, пратеничка на СДСМ.

„Ваквите блокади на ВМРО-ДПМНЕ не се ништо друго, туку директна штета на илјадници засегнати граѓани.

ВМРО-ДПМНЕ треба да им одговори на граѓаните зошто го блокира и Законот за огласување ништовност и поништување на правни акти дејствија, мерки и правни последици од постапките за лустрација, потоа Законот за легализација на бесправно изградени објекти, Законот за опојни дроги и психотропни супстанци, Законот за академија за судии и јавни обвинители и Законот за јавно обвинителска служба?

Деструктивните блокади на ВМРО-ДПМНЕ мора да престанат, граѓаните се изморени од нив.

Затоа на 12 април Христијан Мицкоски и неговите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат казнети за работењето против интересите на граѓаните и државата. Граѓаните ќе порачаат режим повеќе никогаш!“, изјави Јагода Шахпаска, пратеничка на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела