(ВИДЕО) Шахпаска: Скандалозно и недозволиво, Јанушев се заканува дека ќе тепа жени од својата партија

Од:

Обезбедуваме еднакви права и рамноправност на жените во сите сегменти во општеството, изјави Јагода Шахпаска, носителка на листата на коалицијата „Можеме“ во ИЕ 3.

– Парламентарното мнозинство на СДСМ и коалицијата донесе нов Закон за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство коишто за првпат е целосно усогласен со елементите на истанбулската Истанбулската конвенција. СДСМ вети и оствари, родова еднаквост во партијата, 50-50 застапеност на жените во политиката, тоа го потврдуваат и двојните носители на листи за претстојните избори. Еднакви права и рамноправност на жените во сите сегменти во општеството, рече Шахшаска.

Таа истакна дека денеска уште една бомба одекна во јавноста во која генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев во разговор со Миле Јанакиески се заканува дека „ќе и удрел бокс во фаца“ на жена од општинскиот комитет.

– Тоа е вистинското. Насилството им е решение за се. Насилство врз жени, насилство врз студенти, насилство врз пратеници и новинари. Повторно, глумењето на лажна загриженост за граѓаните уште еднаш на ВМРО –ДПМНЕ им падна во вода, рече таа.

Таа потенцираше дека огромно лицемерие стои и зад нивниот слоган „Исправи се“, затоа што, како што рече, секојдневно потврдуваат дека зад маската која ја носат стои понижувачки, недоличен, неодговорен однос кон граѓаните, а со последната бомба и демонстрирање на родово насилство.

Шахпаска истакна дека и во своите партиски редови ВМРО-ДПМНЕ не почитува родова еднаквост, а со тоа, посочи таа, не ги почитува жените, како еднакви и рамноправни на мажите.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Филипче: Нашата генерациска задача е да изградиме европска држава во која младите ќе сакаат да останат

(ВИДЕО) Кузеска: Јанушев е дел од системот на Мицкоски во кој и возачи земаат мито

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Клековски и Мицкоски не менаџираат со здравствената кризи

СДСМ: Осум недели молк за водата во Гостивар – што се крие?

СДСМ: Мицкоски е уплашен од незадоволство на лозарите – во полиција е повикан наш советник за објава на Фејсбук