(ВИДЕО) Шахпаска: Околу 5.000 деца Роми се вклучени со проектот „Инклузија на деца Роми во предучилишно образование“

Од:

Од 2005 година до денес, околу 5000 деца Роми бесплатно се вклучиле во предучилишно образование. Резултатите од тоа во општството веќе се видливи, затоа што голем дел од нив веќе се ученици во средните училишта и студенти на високообразовните институции, рече денеска министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.

Вклучувањето на децата Роми во претшколското образование, но и потоа во образовниот процес, според неа, е многу значајно, особено што голем дел од нив доаѓаат од семејства во социјален ризик.

-Преку проектот „Инклузија на деца Роми во јавните општински установи-детски градинки“ тие не беа сегрегирани во посебни групи, туку нивната инклузија во претхколското образование беше направена преку вклучување во групите со состанатите деца, рече министерката Шахпаска.

Според неа, Република Северна Македонија е лидер во регионот кога станува збор за инклузија на Ромите во секоја сфера на општественото живеење.

-За нас секое дете е еднакво важно и детската градинка е местото каде се рушат сите стереотипи, предрасуди, граници. Во градинките сите деца заеднички се социјализираат и се подготвуваат за влез во основното образование, вели таа и најавува дека од септември се продолжува со имплементација на проектот.

Според Реџепали Чупи, директор на Ромскиот едукативен фонд со седиште во Белград, важноста на овој проект, покрај во бројките кои се постигнати, е и во фактот што тој почнал да се спроведува со 100 процентна финансиска поддршка на овој Фонд, а оти сега околу 65 проценти од финансиските средства ги обезбедува државата.

Би можело да ве интересира

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски

МТСП: Пензискиот фонд е стабилен, да не се креира страв кај пензионерите

МТСП: Социјалните партнери постигнаа значителен напредок во преговорите за раст на платите во јавен сектор

МТСП: Во тек е исплата на образовниот додаток за трет мерен период за учебната 2022/2023 година

Ана Ололовска