(ВИДЕО) Шахпаска: Од одлуката на секој од нас зависи каква иднина ќе избереме

Од:

Од одлуката на секој од нас, зависи во каква земја ќе избереме да живееме и каква иднина ќе избереме за нас, нашите блиски, нашите деца. Дали ќе избереме да продолжат да растат платите или да се полнат џебовите на луѓето на Груевски? Дали ќе го исчистиме судството од корумпираните или Мицкоски ќе ги спасува Камчев и Груевски? Дали после НАТО влегуваме во ЕУ или ќе им дозволиме да го поништуваат Договорот од Преспа и да не носат во провалија? Одлучуваме дали ќе одиме напред или ќе се враќаме назад, изјави денеска Јагода Шахпаска носителка во ИЕ 3 од СДСМ.

Затоа, нагласи таа, е важно да се гласа, затоа што се носат големи одлуки.

– Ве уверуваме – гласањето ќе биде безбедно. Со почитувањето на сите протоколи за заштита на здравјето на граѓаните, гласањето на 15 јули ќе биде безбедно. Знаеме дека можевме и подобро. Знаеме дека направивме и грешки. Но, секоја наша грешка, ни ја посочувавте гласно, демократски, а ние ве слушавме и реагиравме. Покажавме дека знаеме и можеме да се подобруваме. Ја бараме вашата поддршка. Го бараме вашиот глас за уште еден мандат. За да ги продолжиме добрите политики. За да продолжиме напред уште побрзо и да не ја испуштиме шансата што заедно ја создадовме за оваа наша убава земја и за нашиот народ, вели Шахпаска.

Останувањето дома, истакна, значи и враќање на власт на ВМРО-ДПМНЕ и Груевски.

– Негласањето носи ризик да изгубиме се што постигнавме заедно. Се докажа и покажа дека со Зоран Заев и СДСМ, одиме напред во сигурна иднина, со ВМРО-ДПМНЕ во опасност. Да не ризикуваме, да не го даваме гласот за било кој би можел да коалицира со Мицкоски. Како што покажавме одлучност и патриотизам во решавањето на отворените прашања и во внесувањето на земјата во НАТО, со истата одлучност, страст и сила ќе донесеме правда и владеење на правото за сите, рече Шахпаска.

Таа додава дека единствената шанса да ја завршат работата до крај и да донесат правда, е со нов мандат на Влада предводена од Зоран Заев.

– Отсекогаш работевме и продолжуваме да работиме исклучиво во интерес на граѓаните, на државата. Оние партии кои гледаат само партиски интереси, време е да одат во опозиција и да се реформираат. Затоа, на 15 јули, да дадеме масовна поддршка на коалицијата „Можеме“, која носи сигурност,стабилност,подобра иднина и обезбедува заштита на здравјето на граѓаните. На 15 јули излезете и заокружете го бројот 3, за коалицијата „МОЖЕМЕ“, за сигурност, затоа што секој глас за ВМРО-ДПМНЕ е опасност, глас за враќање на режимот, нагласи Шахпаска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел