(ВИДЕО) Селмани: Кежаровски во затвор го ставија тие што седат во Владата

Од:

Пред демонстрантите собрани пред Владата говореше и претседателот на ЗНМ, Насер Селмани кој рече дека е среќен што новинари, студенти и граѓани од цела Македонија се солидаризираа со новинарот Кежаровски кој веруваше дека Македонија е демократска земја во која новинарите слободно можат да ја вршат својата работа како коректив на власта.

– Ние сме тука за да ја потсетиме оваа неодговорна влада на придобивките на нашиот Устав, кој не’ воспитува дека слободата на човекот е неприкосновена, а граѓаните се еднакви во слободите и правата.

Слободата на говорот и слободната мисла никој не може да ги забрани со некакви арбитрарни закони, ниту со неправедни судски одлуки. Нашата слобода е неприкосновена! Ние дојдовме тука за да ја разголиме нашата болна реалност, во земја во која е забранета цензурата – се затвораат новинари за напишан збор.
Кежаровски е во затвор оти овие не трпат критика и го ставија в затвор за да се одмаздат и да не’ заплашуваат. Колку повеќе не притискате, толку поголем отпор ќе добиете. Срам да ви е што направивте од Македонија! Владата ги контролира поголемиот дел од медиумите преку реклами од наши пари.

Каде овие момчиња ја научија оваа лекција за демократрија? Ни малкуте деца не веруваат во приказната дека судот е независен. Ние веруваме дека зад одлуката Кежаровски да биде в затвор стојат луѓето во оваа зграда зад нас. Можеа да го амнестираат, но не го направија тоа, го одбија законот за заштитени сведоци, рече Селмани.

Би можело да ве интересира

ЗНМ: Новинарот Фуркан Салиу да биде пуштен на слобода, а МВР да ја информира јавноста за причините за неговото приведување

ЗНМ: Oсуда за нападот кон колегата Фуркан Салиу од страна на извршителката Весна Јакимовска

Ковачевски: Им се извинувам на медиумите, не сакам да се им се случи она што се случуваше до 2016

Орце Костов

ЗНМ и Мисијата на ОБСЕ во Скопје: Соработка за унапредување на новинарството

ЗНМ И УНДП ги доделија наградите за новинарски стории за 2023 поврзани со загадувањето на воздухот во земјава

Одговор од Собранието на реакцијата на ЗНМ во врска со вчерашната седница за избор на техничка влада