ВИДЕО: Се уриваат платформите на најпознатите плажи во Охрид, кои претходно останаа без струја

Од:

Десетина работници од утрово започнаа да уриваат на плажата „Куба либре“, која функционираше и како ноќен клуб. Иако изминатите денови на паркингот во близина на плажата имаше два паркирани багери, сепак, тие засега не се употребуваат. На терен се урива само платформата на плажата која е поставена во езерото. До минатата година, на оваа лежалки, а на неа се одржуваа и забави.

Од Општина Охрид нема информација дали и кога ќе се урива објектот на плажата, но и нелегалните градби на плажата „Кадмо“ и плажата „Бела виста“ која се наоѓа до неа.

Менаџерот на „Куба либре“, Марија Маловчев, тврди дека се што е изградено на плажата е според проект одобрен од институциите. Смета дека фирмата во која работи нема вина за ситуацијата. Тој тврди дека Општина Охрид не ги известила сопствениците што треба да се урива на плажата.

„Плажата е изградена со проект, со обезбедени сите потребни дозволи од општна и држава. Никој од надлежните не дојде да ни каже како треба да изгледа просторот, што ние треба да преземеме. Доброволно ќе направевме се што треба, но за жал, не добивме ниту известување, уште помалку некој да праша какви се нашите проблеми“, изјави Маловчев.

Објектите на „Куба либре“, „Кадмо“ и „Бела виста“, пред три дена останаа без струја. ЕВН извести дека ја исклучиле по барање на Општината. Општина Охрид и градоначалникот Константин Георгиевски тврдат дека не селективно ќе ги урнат сите објекти кои се нелегални и поставени спротивно планската документација.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

Охриѓанец со нож повредил тројца, приведен е

Охрѓианец избран за јавен правобранител, продолжил да си работи и како адвокат

Катерина Ѓуровски

Во сообраќајка тешко е повредено 18-годишно момче од Охрид

Во сообраќајка во Охрид тешко е повредена жена

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on