(ВИДЕО) Се судрија претседателката на Судски и претходничката: Дамева бараше детали за бизнис елитите, Црвенковска и врати да биде прецизна

Од:

Новата претседателка на Судскиот совет, Весна Дамева јавно пред новинарите ја прозва нејзината претходничка Павлина Црвенковска да каже за судско-бизнис елити кои ги спомена во соопштението по нејзината оставка. На ова се налути Црвенковска која и посочи на Дамева дека недозволиво е да биде прозвана пред цела јавност за да образложи оставка од лични причини.

„Драго ми е што се вративте од боледување. Се надевам дека сте добри. Едноставно да ве поздравам, да ви посакам успешна работа. Но би сакала да чујам, кои се причините во врска со изнесените наводи во вашата изјава за судско-бизнис интереси, групи, лоби, како беше точно не знам. Не мора веднаш да се произнесете, но сметам дека членовите на Судскиот совет заслужуваат тоа да го знаат, а со цел, ако е тоа така, да Ви помогнеме понатамиу како да се заштитите и сите меѓу себе да си помогнеме. А доколку не е така, јавноста барем да знае дека тоа се само ваши наводи, дека сте немале докази и аргументи за таквата ваша изјава“, кажа Дамева и ја прозва Црвенковска.

На ова, со честита возврати експретседателката Павлина Црвенковска.

„И на Вам да ви честитам на функцијата. Морам да истакнам дека за мене е неприфатливо на јавна седница да бидам прозвана да образложам оставка која што ја дадов како претседател, оставка од лични причини, оставка која детално ја образложив. Останувам цврсто зад тоа што наведов во оставката. За тоа што сум преземала и што ќе преземам понатаму, се надевам времето дека времето ќе работи во моја полза“, кажа Црвенковска.

Па изјава ја искоментира и новата претседателка Дамева.

„Судскиот совет е отворен за јавноста. Вашата оставка е лично право и демократско право. Меѓутоа, членовите и Судскиот совет треба да знае дали во редот на членовите има некои влијанија, притисоци, од разни структури. Во таа насока е моето прашање, но во ред, бидејќи се вративте од боледување, оставам на вас“, кажа Дамева.

Црвенковска ја корегираше Дамева.

„Да бидеме прецизни, јас во мојата оставка не наведов ниту притисоци, ниту влијанија, ако внимателно сте прочитале. Јас наведов хајка. И стојам зад мојата оставка и се што е искажано“, кажа Црвенковска.

Павлина Црвенковска, претседателка на Судскиот совет, поднесе оставка и кажа: „Веднаш по мојот избор на функцијата започна медиумска хајка со крајна цел да дадам оставка затоа што мојот избор за претседател не одговараше на група од судската – бизнис елита. До ден денешен хајката не престана преку пласирање лажни информации до новинари, а во континуитет се опструираа и намерно се одолговлекуваа внатрешните процеси во Советот, кои се од клучно значење за успешно завршени задачи и за функционирањето на судството. Се надевам дека идниот претседател ќе биде подобен за оваа судско – бизнис елита“.

Би можело да ве интересира

Гаши: Собранието ќе го консултира Уставниот суд за да не згреши ако ги разреши членовите на Судски совет избрани од Парламентот

Катерина Ѓуровски

Тошковски за акцијата во Судскиот совет: Премногу е рана фазата за да навлегуваме во детали

Судски совет: Нема наредба за претрес, соработуваме со ОЈО Скопје

А1он

МВР врши претреси во Судскиот совет, се бараат записници поврзани со мандатот на Дамева

Горан Наумовски

МВР упадна во просториите на Судскиот совет

Горан Наумовски

Кузеска: Скандалозен е изборот на сопругата на градоначалникот на Радовиш за членка на Судскиот совет

Катерина Ѓуровски