А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ВИДЕО: Се работи на законот за пензионирање со 64 години, за предвременото пензионирање допрва ќе се разговара

by А1он20/09/2020 - 14:37410
Share0

Министерството за труд и социјална политика во моментот работи на законот за пензионирање со 64 години старост и 15 години стаж, додека за најавите за откуп на стаж и предвремено пензионирање допрва ќе се разговара со сите засегнати страни.

Добивај вести на вибер

– Најавите за откуп на стаж за предвремено пензионирање ќе бидат предмет на една поширока дебата во која ќе бидат вклучени сите чинители на социјалниот дијалог. Тоа е законско решение на кое во моментот не работиме. Ова е прашање кое бара детална анализа. Треба да се направи темелна анализа за тоа кој би изразил желба за да откупи стаж и предвреме да оди во пензија, какви ќе бидат финансиските импликации. Оттука, дебатата за пензионирање со откуп на стаж ќе биде отворена заедно со сите чинители. Никако нема да носиме избрзани одлуки, рече министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска на денешната прес-конференција во Владата.

Законот за пензионирање со 64 години старост и 15 години стаж на кој во моментот работи ресорното Министерство ќе важи за сите вработени во јавниот сектор, но ќе остава можност и заисклучоци во реалниот сектор доколку работникот и работодавачот взаемно се договорат за продолжување на работниот век. Исклучоци ќе има во здравството, а истото се размислува и за високото образование.

Во врска со најавите за субвенционирање на вработувањата по етничка основа, Шахпаска истакна дека е важно во корона кризата да се сочува секое работно место и да се зголеми бројот на вработени.

– За нас вработувањето на секој човек, посебно на секој млад човек и на социјално ранливите категории е примат. Важно е да се зголеми бројот на вработени и оттука во нашата владина програма до крајот на мандатот е предвидена едноцифрена невработеност, рече Шахпаска.

mtsp

Би можело да ве интересира

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

Горан Наумовски15/04/2024 - 11:44

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Горан Наумовски21/02/2024 - 14:15

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски30/08/2023 - 12:3330/08/2023 - 13:54

МТСП: Во тек е исплата на образовниот додаток за трет мерен период за учебната 2022/2023 година

Ана Ололовска30/05/2023 - 13:16

Стефковски: Тренчевска ја врати разрешената директорка

Ана Ололовска26/05/2023 - 20:58

Стефковски: Скандал – Преку медиумите дознав дека ни се одземени надлежностите за градинката

Ана Ололовска23/05/2023 - 13:57
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен