ВИДЕО: Се поставуваат патокази и инфотабли на Водно и на Скопска Црна Гора

Од:

На планинарските патеки на Водно и на Скопска Црна Гора се поставуваат патоказни и инфотабли кои ќе овозможат полесно и побезбедно движење во природа, како дел од пилот-проектот за маркирање на планинарски и велосипедски патеки низ Скопје. На прес-конференцијата што се одржа денеска на Средно Водно деталите за проектот ги изнесоа градоначалникот Петре Шилегов и амбасадорот на Република Чешка во РСМ, Мирослав Томан.

– Денеска и официјално го започнуваме трипартитниот проект меѓу Градот Скопје помогнат од Амбасадата на Чешката република и Планинарскиот сојуз на Република Северна Македонија за мапирање на планините во Скопје. Овде, на Водно, ќе поставиме 42 патокази и 6 инфотабли, а новина е што ќе поставиме и 12 патокази и 2 инфотабли и на Скопска Црна Гора и ќе го префрлиме фокусот и на другата планина која ја ограничува Скопската котлина. Целта е на граѓаните на Скопје и на посетителите на Водно да им помогнеме со поставување на нова и квалитетна сигнализација, а движењето да го направиме полесно, поедноставно и попрегледно. Веќе знаете дека овде на Водно ја направивме првата нагорна планинска велопатека, во постапка сме на формирање на уште две велопатеки, со што Водно го ставаме на туристичката мапа на градот. Очекувам дека со овие подготовки што сега ги правиме, по завршувањето на пандемијата кога граѓаните, но и туристите, ќе почнат да се движат ќе успееме Скопје и Водно да ги направиме атрактивни за посетителите – рече денеска градоначалникот Шилегов.

Тој потсети дека кога пред три години Градот Скопје почна со организираното паркирање на Водно беше речено дека средствата што ќе се слеваат од наплатата на паркирањето ќе бидат вратени за уредување на планината.

– Ова е добра можност да кажеме дека досега имаме собрано околу 90.000 евра од наплатата на паркирањето на Водно и тие средства ќе бидат вложени за подобрување на инфраструктурата на оваа планина. Упатувам благодарност до Чешката амбасада и до една група чешки планинари кои своето искуство го пренесуваат на луѓето од Планинарскиот сојуз, но и на вработените од Секторот за локален економски развој. Токму поради квалитетот кој што тие го имплементираат во својата држава можеме да кажеме дека европските стандарди полека ги внесуваме и на нашата планина – нагласи Шилегов.

Амбасадорот Томан денеска објасни дека Чешката република е позната како земја со развиен систем на формирани и маркирани патеки за планинари, велосипедисти или за скијање.

– Нашата идеја беше да го пренесеме нашето знаење овде и да ги поврземе луѓето за да работат заедно. Република Северна Македонија е прекрасна земја, со убава природа, планини и езера и треба да се размислува како да се привлечат што повеќе туристи да ја посетат. Што повеќе мапи и патеки имате за локалните жители, но и за туристите, толку повеќе луѓе ќе дојдат и ќе ја запознаат оваа убава земја – рече денеска Томан.

Пилот-проектот на Федерацијата за планинарство за маркирање на планинарски и велосипедски патеки низ Скопје е поддржан од Градот Скопје и од Чешката амбасада преку програмата на Чешката Република за развој и соработка за финансирање на мали проекти.

Би можело да ве интересира

Град Скопје: Трајко Славески не прифати седница за донирање на месечните паушали за Леонид

Предраг Петровиќ

Дива депонија во Визбегово, Арсовска најави кривични пријави

Стојановски: Утре изутрина од 4:45 часот јавниот градски превоз ќе продолжи нормално да функционира

Предраг Петровиќ

Советот на Град Скопје ја донесе одлуката за давање субвенции на ЈСП Скопје за 2024 година

Град Скопје: Вработените во ЈСП Скопје без плата, а граѓаните на Скопје без превоз

Левица: Итна седница на Советот на Град Скопје, Трудот на работниците во „Флораком“ и „Луна“ мора да биде исплатен

А1он