Кандидатите за градоначалник на Град Скопје Ана Петровска и Бени Шаќири се судрија во студиска дебата откако Шаќири извади документ и ја праша како една поборничка за здрава околина потпишала документ за изградба на 22 мали хидроелектрани.
Ова следеше откако Ана Петровска во еден момент изјави дека во студиото дебатираат еден музичар, еден лекар, и еден архитект на што Шакири возврати дека Ана Петровска нема да знае ништо ако почне да зборува за музички аранжмани.
Потоа извади докумет и праша:
-Ако сте стручно лице мене ме интересира како вие, како еден од поборниците за чиста околина може да потпишете решение за градење на 24 мали хидроелектрани, праша Шаќири.
-Ајде вратете го документот зошто ова е основа за клевета, рече Петровска барајќи да го извади повторно документот на маса да го видат гледачите.
-Ве информирале и дезинформирале. Ова не е решение, прочитајте точно што пишува таму, викаше Петровска.
Немој да се нервирате, ова ја преминува секоја граница, возврати Шаќири.
Дали може да видат граѓаните да видат дека е тоа пропратно писмо, повторно побара таа.
-Сите дозволи заради кои можат да се градат мали хидроелектрани се даваат во државниот инспекторат. Тоа е една таква намера, злоба. Навистина сум многу вознемирена, рече Петровска.
-Државниот секретар има надлежност над постапкате на се она надвор од Управата за животна средина. Ниту една дозвола државниот секретар нема потпишано за мали хидроелетрани. Тоа што вие го покажувате е пропратно писмо.