(ВИДЕО) СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ крати средства за клучни проекти во Скопје

Од:

ВМРО – ДПМНЕ и Градоначалникот Коце Трајановски ги намалуваат средствата за клучните проекти од интерес на граѓаните на Скопје, рече Предраг Трпески, советник во Советот на Град Скопје.

Се кратат средства за изградба на јавно осветлување за 16%, за изградба на магистрални и собирни улици за 21%, за изградба на сообраќајна сигнализација за 27%. Големо е намалувањето на средствата за секторот образование кое изнесува 24%.

Средствата за реализација на проектот Подземна сообраќајница, во износ од 90 милиони денари, со ребалансот на буџетот во целост се бришат. Со ова Градоначалникот Трајановски на граѓаните на Скопје практично им соопшти дека овој проект нама да се реализира и дека целта на истиот била само да се искористи во кампањата за локалните избори 2013 година.

Од друга страна, со ребалансот се зголемуваат трошоците за набавка на мебел, за луксуз од проектот Скопје 2014, за изградба на катни гаражи. Па дури се додаваат и нови ставки, како што е на пример набавката на Пајтон, која Градот Скопје ќе ја субвенционира со 2,6 милиони денари.

Ваквата политика на градоналчалникот Трајановски за нас е неприфатлива и претставува политика на непотребно луксузирање, на штета на граѓаните на Скопје, очигледно во интерес на бизнис зделките на власта, вели Трпески.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?

СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот Славески

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар